Котевски по девет години работа во МВР заминува на партиска функција

Сподели со своите пријатели

Помошникот – министер за односи со јавноста при Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, заминува на нова функција,  како назначен директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ откако во 2006 година беше назначен за портпарол на МВР.

Loading...

Информацијата за новата партиска функција Котевски ја потврди за новинската агенција „Мета“, додавајќи дека доколку навреме се завршат формалноситите со докумените, тој уште утре ќе почне со работа во Центарот за комуникации.

Котевски најави дека за неговиот трансфер од МВР во ВМРО-ДПМНЕ, партијата ќе испрати официјално соопштение.

На прашање на „Мета“ дали е избран негов наследник во МВР и кој ќе го назначи, односно дали тоа ќе биде актулениот министер Митко Чавков или кандидатот на СДСМ, кој според Договорот од Пржино треба да биде назначен до утре (20 октомври), Котевски вели дека процедурата е во тек, а изборот ќе го направи актулениот министер./извор Мета