Костовски: Вакцинацијата во Куманово се спроведува успешно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вакцинирани се 35.000 граѓани, а пријавени за вакцинација се уште над 160.000, ова денеска на прес конфернеција го соопшти пратеникот и претседател на ОО СДСМ Куманово Мартин Костовски.

Loading...

Од пред Здравствениот дом Куманово, Костовски рече дека вакцинацијата тука успешно се спроведува, а планирано е и спроведување на масовна вакцинација во градот.

– Зад мене во општина Куманово во пунктот за вакцинација успешно се спроведува вакцинирањето на моите сограѓани, кумановци. Во периодот што следува планирано е и спроведување на масовна вакцинација и во некоја од салите во Куманово за што побрзо да се вакцинираат поголем број граѓани од овој регион, рече Костовски.

 

 

Тој упати обвинување на сметка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека шират паника, манипулираат и ја лажат јавноста.

– ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток на пандемијата започна со манипулации и ширење на лажни вести. Ја манипулираа јавноста дека немало доволно тестови и дека министерството за здравство ги штелувало бројките на заразени и починати, па дури и дека здравствените работници немале доволно здравствена опрема за работа со Ковид паценти. Нивниот министер Чулев во преодната Влада јавно велеше дека полицијата немала да казнува за прекршување на мерките за заштита од коронавирус со што ги поттикнуваше граѓаните на неодговорно постапување опасно по јавното здравје, изјави Костовски.

Loading...

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Костовски, ширеле паника дека во болниците недостасувале респиратори, кислородни боци и дека немало доволно легла за пациентите заболени од Ковид 19.

– Ги кочеа средствата од Светска Банка наменети за инвестиции во здравствениот систем, а Мицкоски јавно ги прекршуваше мерките за заштита. Нивниот функционер Вело Марковски повикуваше да не се носат маски, па дури и намерно да се заразувале луѓе. ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот која е сојузник на вирусот. За разлика од нивната деструктивна политика, Владата предводена од СДСМ постојано вложува во здравствениот систем, додава тој.

Како што посочи Костовски, Куманово има добиено нов современ Ургентен Центар во склоп на општата Болница со можност за опслужување на 200.000 пациенти од североисточниот регион на државата.

– Вложуваме во човечкиот капитал, во нашите здравствени работници и речиси година и половина континуирано вложуваме и ги зголемуваме платите на медицинскиот кадар. Од 2020 година, платите на лекарите специјалисти се зголемија и за дополнителни 25%, додека пак на медицинските сестри за 10%, вели пратеникот Костовски.

Никола Ивановски

Leave a Reply