Костовски: Ќе бидеме партиска организација која ќе бележи тренд на успех (видео)

Сподели со своите пријатели

Мартин Костовски, инаку актуелен претсетадел на ОО на СДСМ Куманово, повторно е избран да ја води партијата на локално ниво во следните четири години, откако неодамна беше отворен повикот за поднесување нови кандидатури за прв човек на СДСМ во Куманово.

Костовски, кој досега важеше за успешен лидер на локалната партиска организација, овојпат се соочи, за претседателската позиција да се бори во тесен круг со уште тројца кандидати, кои немаат искуство како претседатели на партија, но, од друга страна, уживаат почит како успешни менаџери, како што е примерот со Горан Стојковски, актуелен директор на Јавното претпријатие Водовод.

– До 11 јануари имам обврска да го сочинам тимот од 18 луѓе кои што го сочинуваат Извршниот одбор на партијата и пет луѓе на Надзорниот одбор, во периодот од 12 до 19 јануари треба да се одржат општинските конференции каде тимот од 18 луѓе ќе се потврди и ќе се отпочне со работа онака како што треба со полна пареа. Општинската организација на Куманово изобилува со прекрасни кадри и членови кои што јас како претседател сум горд, се заблагодарувам на сите овие години кои ги минавме заедно, ми дадоа ветер во грб на мене како претседател, а се надевам дека и во иднина ќе ги надминеме сите бариери, различни мислења и ќе направиме партиски структури со која ќе се гордее градот Куманово, а воедно претседателот Зоран Заев, централното партиско раководсво и СДСМ, изјави Костовски.

Loading...

На новинарско прашање како ќе ги обедини политичките фракции во ОО СДСМ Куманово, Костовски вели дека нема фракции, туку различни ставови и мислења.

Не сме биле имуни на различните ставови, тоа е богатството на партијата и ова не е само декларативно изразен став од мене, сакам да има различни мислења, спротивставени ставови, не сакам луѓе кои само ќе ве удрат по рамото дека стенајдобар и безгрешен, секогаш сум добредојден за критика, ќе се обидам сите спротиваставени мислења, а не фракции, да ги обединам на едно ниво и да бидеме партиска организација која ќе го бележи трендот на успех, додаде Костовски.

Старо новиот претседател на ОО на СДСМ Куманово во следниот мандат, и покрај фактот што градот досега не бележи мандат на опозициската ВМРО ДПМНЕ, ќе мора во следните четири години да се погрижи за одржување на партискиот континуитет, но и да работи на подготовка за претседателските избори, и евентуални предвремени парламентарни избори ако се земе во предвид кревкото парламентарно мнозинство и соработката на владините коалицинери  со владеачката СДСМ.

Мартин Костовски во моментот, покрај партискиот ангажман, ја извршува функцијата директор на Службениот весник на Република Македонија.