Костовски: Ги отворивме првите штабови и стартуваме со интензивна кампања (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на СДСМ Куманово од вчера ги отвори вратите на општинските месни штабови, со претходно именување на шефови на осумтте региони кои ќе го покриваат просторот на општина Куманово, а во пресрет на предвремените избори во април, соопшти денес Мартин Костовски, шеф на Општинскиот изборен штаб, а воедно и претседател на ОО на СДСМ Куманово.

12391854_1176352569059000_2342926546668338152_n

Loading...
  • Со одлуката за избор на шеф на Општинскиот изборен штаб, од вчера пристапивме кон отворање на општинските месни штабови, со агенда првин да отвориме неколку точки во централното градско подрачје, а по завршување на Божикните празници, да продолжиме со отварање на нови штабови, со најава за интензивна кампања во текот на јануари се до денот на избори, изјави Костовски.

Општинската организација на СДСМ вчера ги отвори првите штабови во месна заедница Тоде Мендол, Панче Пешев и штабот на бул. Трета МУБ.