Косовари се обиделе на Табановце да излезат со туѓи македонски пасоши

Сподели со своите пријатели

Двајца жители на Косово викендов биле приведени на Граничниот премин Табановце, откако приложиле туѓи патни исправи.

Loading...

– На 27.02.2021 во 12.35 часот на Граничен премин Табановце од слобода биле лишени З.Е.(25) и Х.Д.(27), двајцата од Косово, затоа што на увид и пасошка контрола приложиле туѓи, односно патни исправи на двајца македонски државјани, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Идентитетот им бил утврден откако бил извршен преглед на нивниот личен личен багаж и биле пронајдени  нивните лични документи.

Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply