Косовар се обидел да премине на Табановце со патна исправа од Французин

Сподели со своите пријатели

Жител на Косово бил приведен вчера на Граничниот премин Табановце, откако се обидел да ја премине државната граница со патни исправи на француски државјанин.

Loading...

– На 27.08.2021 во 21,30 часот на граничен премин „Табановце“ од полициски службеници е лишен од слобода Г.Б.(23) од Р.Косово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „послуга со туѓа патна исправа“, бидејќи истиот при пасошка контрола приложил француска  патна исправа на име M.З(18) од Р.Франција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски