Косматац е село во Куманово, на 18 километри југоисточно од градот и се смета за едно од помладите села во овој регион.
Историја на Косматац
Селото било основано од доселени Черкези во XIX век (Черкези се кавкаски народ кој живее во Турција, Сирија и Русија). Потоа во селото се населиле и Помаци од Бугарија.
Сè до 1912 година, Косматац имало исклучиво муслиманско население. Но, со пропаста на Османлиското Царство, муслиманите се иселиле во Турција, а на нивно место дошло православно население од Кривопаланечко и Горна Пчиња.
Селото се протега на околу шест километри квадратни. Има 532 хектари обработливо земјоделско земјиште, 68 хектари пасишта и само три хектари шума.
Селото некогаш имало над 500 жители
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Косматац живееле 250 жители, сите Македонци муслимани.
Од Косматац се иселил голем број на населението, па затоа населбата според бројот на жителите се намалила и тоа од 342 жители во 1961 година, на 81 жител во 1994 година, македонско население.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 41 жител, сите Македонци.
Денес селото има повеќе женско население
Косматац според пописот од 2021 година има 15 жители, од кои девет жени и шест мажи.
Тие живеат во осум различни домаќинства, иако селото брои дури 95.
Имало тројца млади, од кои во моментот кога биле попишани, едно девојче било на возраст меѓу 15 и 19 години, како и две девојчиња во дваесетите години од животот.
Имало и дури шест жители постари од 80 години.