Кошаркарските репрезентации на Македонија денеска ќе се натпреваруваат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Младинските кошаркарски репрезентации на Македонија во машка и женска конкуренција денеска во Куманово ги играат натпреварите на Младинската олимпијада (ЕМОФ Скопје).

Loading...

Како што информираат организаторите, женската кошаркарска репрезентација на Македонија силите денеска ќе ги одмери со Белгија во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 16:00 часот.

Машката младинска репрезентација ќе игра во големата Спортска сала Куманово со почеток од 18:15 часот против составот на Турција.

Денеска во Куманово ќе се одиграат вкупно осум кошаркарски натпревари, а распоредот можете да го прочитате ТУКА.

Влезот за сите натпревари е слободен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Посебен сообраќаен режим низ Куманово и Старо Нагоричане поради Олимпијадата

Никола Ивановски