Кошаркарските клубови едногласни: Не постојат услови да продолжи сезоната

Сподели со своите пријатели

Сите десет клубови од Првата лига мажи, по првичните консултации со Кошаркарската федерација биле едногласни, дека не постојат услови за  продолжување на натпреварувачката сезона 2019/2020.

По тој повод, а и по повод барањата на МЗТ Скопје, претседателот на КФСМ, Перо Антиќ преку соопштение се обрати до јавноста, кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално.

Loading...

Во оваа прилика мора да се потенцира и тоа, дека сите десет клубови дел од Првата лига-мажи, во оние првични консултации, беа едногласни. Дека не постојат услови за продолжување на натпреварувачката сезона 2019/2020.

И ако сака некој од нив, во овој случај, МЗТ Скопје Аеродром, овие наши ставови да бидат елаборирани, ќе го презентираме тоа.

Актуелната табела во Првата лига-мажи вели дека досега се одиграни 17. првенствени кола. И дека согласно со актуелниот систем за натпреварување, треба да се одигра уште едно коло од првата натпреварувачка фаза.

Потоа следуваат десет кола од Суперлигата, и плеј-офот кој со себе носи уште шест до осум натпревари кои прават збир од 17. до 19. натпревари кои евентуално би се доиграле до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Подобро кажано, досега, во Првата лига-мажи во сезоната 2019/2020, не се одиграни ниту 50% од предвидениот број на натпревари во елитната конкуренција.

Што се однесува за второлигашите и нашата желба за продолжување на натпреварите, тука нема ништо нејасно. Во овој момент во оваа конкуренција сите екипи немаат одиграно подеднаков број на натпревари за да се дојде до некој конечен изглед на табелата.

Идејата е дека поради тоа што во ова натпреварување нема настап на странски кошаркари, има опции сезоната да биде продолжена, а за кои би дискутирале подоцна. Макар и во некој скратен систем на натпреварување. Дали преку организација на плеј-оф, или турнир на кој би играле осум или повеќе екипи, останува да биде работа на заеднички договор помеѓу второлигашите и федерацијата која единствено сака во Првата лига да се пласираат навистина двете најдобри екипи од Втората лига.

Јавноста е, гледаме, слушаме, читаме, добро информирана, дека ова лето нема да се играат натпреварите кои ги организира Светската кошаркарска федерација (ФИБА).

Loading...

И иако тоа е проблем за нас како федерација, без оглед на планираните активности за и околу организацијата на ЕП од Дивизијата „А“за кошаркари „Под 16“ години во машка конкуренција, треба да се земе предвид и следново:

Ако не се размислува за понатамошно играње во младинска конкуренција, тоа значи и дефинитивен прекин на работата на голем број на клубовите во овој младински сегмент од кошарката. Не сакаме да помислиме и за откажување на голем број на деца вљубени во кошаркарскиот спорт, кои практично, па и временски гледано, би биле без топка во еден подолг период. Од март, па сè таму некаде до октомври што е премногу долг временски интервал.

Ако може, односно условите, во прв ред здравствените, го дозволуваат тоа, да се организираат и реализираат планираните активности, со најмала важност околу тоа кој ќе биде шампион.

Поентата е децата да играат кошарка и преку летото. Да можеби во некои други моменти, досега нешто несфатливо. Но сега нешто сосема реално. А ние сакаме сето тоа да биде и максимално безбедно, во секој поглед.

Сите чинители во кошаркарскиот спорт, пред сè клубовите, многу добро знаат дека во овој дел поврзан со доделувањето на спортските ваучери,  главниот збор го има Агенцијата за Млади и спорт на РСМ.

Меѓутоа за сето тоа да биде и официјално верификување, нашата замисла е во таа насока, како официјален да биде важечки моменталниот поредок на табелите во сите категории на натпреварување. И постигнатите резултати во сезоната 2019/2020 да бидат предмет на вреднување за АМС.

Ова се однесува и за сите оние кои сакаат да критикуваат, а тоа го прават без некоја реална основа. Веруваме дека ќе се пронајдат „себеси“ читајќи ги овие редови.

Околу реакциите на КК МЗТ Скопје Аеродром, навистина сме непријатно изненадени.

Каков став има федерацијата спрема КК МЗТ Скопје Аеродром?

МЗТ Скопје Аеродром е клуб кој има најголем број на репрезентативци во сениорскиот национален тим, како и во скоро сите други национални тимови во младинска конкуренција.

Loading...

МЗТ Скопје Аеродром е клуб кој, на предлог на КФСМ, има најголем број на тренери вклучено во работата на сениорскиот национален тим во машка конкуренција, како и вработени тренери, исто така предложени од наша страна, во Спортската Академија.

Што МЗТ Скопје Аеродром како голем клуб, како респектабилен клуб, како еден од најтрофејните во Македонија, би добил со прогласување на шампион за тековната сезона?

Веруваме, ништо повеќе од лична сатисфакција на одредени поединци. Кој сака шампионски пехар „освоен“ со играње надвор од кошаркарскиот терен, и зошто?

Какви други бенефиции, или „сатисфакции“ освен толкувањето за добивање на вредносни ваучери од страна на Агенцијата за Спорт и млади би добиле?

Настап во некое сериозно европско натпреварување кое го организира ФИБА или Евролигата, или…

Loading...

Во најмала рака, чуден став од реномиран клуб кој се стреми да биде подобар од што бил.

Клуб кој се повикува на други држави кои ги поништиле првенствата иако на број, тоа досега се само шест. Ја спомнувате Хрватска, каде наводно, сите екипи немаат одиграно ист број натпревари што не е точно.

Ситуацијата таму, и не само во таа респектабилна лига, туку и повеќе други, е слична како кај нас.

Недостасува уште едно коло од основниот дел, сите екипи имаат одиграно по 21 меч (табела во прилог https://www.hks-cbf.hr/ht-premijer-liga/, а Задар води со еден бод пред Цибона.

Но, раководството на Задар не пишува трагични соопштенија како светот да пропаднал, не жали за наводните потрошени пари, туку се обидува да даде придонес во борбата со пандемијата, во тешкиот период за државата.

Loading...

Тоа и не е толку важно бидејќи секоја држава, односно Федерацијата е независна во носењето одлуки.

Членовите на Управниот одбор се повикани да донесат одлука која е правилна само за еден клуб, дури има и диктат на ставот, наводно сметан од ваша страна како единствено правилен, што според нас, со себе носи и дополнителен притисок пред јавноста.

Дали ако одлуката на УО не биде според желбите на клубот, односно ако членовите гласаат спротивно од тоа, ќе мора да се соочат со  распнување на  социјалните мрежи?

Слушнавме, прочитавме дека МЗТ Скопје Аеродром трошел пари во тековната сезона. Но зарем другите членови на Првата лига не го правеле истото, инвестирале свои средства за што е можно подобар резултат во сезоната.

Зарем се тие поразлични, помалку вредни?

Loading...

На крајот, постојано се спомнува терминот КОАЛИЦИСКИ ПАРТНЕРИ. Навистина, ние како Федерација, би сакале да знаеме кои се тие.

Да потсетиме дека на 15. мај 2019 година, Перо Антиќ беше едногласно избран за претседател на КФСМ, за што гласаше и претставник на МЗТ Скопје Аеродром.

Нам, коалициски партнери ни се сите клубови и кошаркарски чинители во земјава. Со сите се обидуваме заеднички да работиме и да ја кренеме кошарката на повисоко ниво.

Затоа и сакаме да испратиме порака во јавноста дека спортот треба да биде, и да остане на спортистите.

На оние на кои овие сериозни работи им се шеговити, или пак сензационалистички, кои се обидуваат да ја внесат политиката кадешто не и е местото, да престанат да се занимаваат со тоа.

Loading...

Досега кошаркарската федерација беше максимално толерантна, флексибилна, пред се. И сега е „отворена куќа“ за сите луѓе оние на кои во преден план им е кошарката кои се вљубеници во оваа магична игра.

Можат да повелат, да дојдат кај нас, да се уверат во професионалниот ангажман, реализација на работните обврски на вработените, транспарентност во работењето, а некои од нив, ако сакаат, и да проверат дали КФСМ работи исправно, или поинаку.

Слободно…

Во иднина нема да дозволиме некој и понатаму да ја злоупотреби и да ја користи нашата толеранција.

Оние за кои сето ова е неприфатливо, ќе мора вистината да ја потврдат на друго место, на друг начин, по судски пат.

Во оваа ситуација, прв пат во историјата откако се игра модерна кошарка, предизвикана од смртоносниот корона вирус, победници, вистински шампиони се сите кои ќе излезат, ќе се изборат во борбата против ова зло кое го зафати целиот свет.

Loading...

На крајот, најважно е здравјето на сите луѓе во кошарката.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *