Кошаркарскиот клуб “Пинк Пантери” гостуваше во Барселона (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб “Пинк Пантери” од Куманово со својата генерација на кошаркари родени 1999 и 2000 година, минатиот викенд престојуваше во Барселона, Шпанија каде одиграа три квалитетни натпревари против европските великани Барселона, Хувентуд и против Л.Хоспиталет – една од подобрите кошаркарски школи во Шпанија.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”28″]

 

Во првиот натпревар одигран минатиот петок, во олимписката дворана во Барселона со екипата на Хувентуд-генерација 2000 годиште, кумановци загубија со 64-57. Ден потоа следуваше натпревар со Л – Хоспиталет-генерација 2000 годиште, каде “Пинк Пантери” извојуваа победа, со резултат 71-64.

Последниот натпревар се одигра во неделата против екипата на Барселона – генерација 2001 годиште, во тренинг центарот на Барселона со победа на домаќинот со резултат 80-66.

Генерацијата 2001 годиште на Барселона важи за една од подобрите во Европа, и е селектирана од најталентираните деца – кошаркари од цела Европа.

Кошаркарите на Пинк Пантери покрај одиграните натпревари имаа можност да го видат целиот комплекс од тренинг центарот на Барселона – еден од најскапите и најмодерните тренинг центри во светот, каде тренираат кошаркарите, фудбалерите и ракометарите на Барселона.

Loading...

Во склопот на целиот комплекс се наоѓа и познатата “Ла Масија” и интернатот каде се сместени младите таленти од целиот свет кои се доведени во Барселона.

Кумановчани  на познатиот стадион “Ноу Камп” имаа можност и во живо да го проследат саботниот првенствен натпревар на фудбалерите на Барселона, а веднаш потоа и ракометниот натпревар од лигата на шампионите на ракометарите на Барселона.

Во слободното време, вели директорот Бојан Златковски,  младите кошаркари на клубот  “Пинк Пантери” имаа можност да го разгледаат градот и културните знаменитости на Барселона.

– За нас како клуб претставува вистинска чест и привилегија што имавме можност да одиграме натпревари против Европските гиганти како Барселона и Хувентуд. Со прикажаните игри на трите натпревари, на достоен начин ја презентиравме македонската кошарка во Шпанија, вели Златковски.

Самата глетка, најпрвин од олимписката дворана во Барселона каде го одигравме натпреварот со Хувентуд, сите банери од освоените европски купови и шпански првенства и купови на клубот кои висат на врвот од двораната, а потоа во тренинг центарот на Барселона каде го одигравме натпреварот со нив и сите тие слики од страна на теренот на сите познати играчи кои играле низ славната и богатата историја на клубот Барселона, претставуваат дополнителен мотив и желба на нашите млади играчи со напорна работа и секојдневни тренинзи и тие самите да си го остварат својот кошаркарски сон и еден ден и тие самите да биднат дел од некој познат Европски клуб – дополнува Златковски.

Првите контакти на КК “Пинк Пантери” и соработка со Барселона се остварени пред една година кога директорот на младински погон на Барселона, Жорди Ардевол, четири дена беше гостин на директорот Златковски во Македонија, каде во договор со позната менаџерска агенција од Шпанија за која Златковски работи како скаут за Балкан, беше договорено тој да проследи некои талентирани играчи од Македонија, кои подоцна се преселија во Шпанија во филијалата на Барселона.

На таа средба, како што истакнува Златковски,  било договорено КК “Пинк Пантери” да гостува во Барселона и да одиграат натпревари со шпанскиот клуб, со договор за продолжување на веќе оптпочнатата соработка. .

По гостувањето во Барселона, КК “Пинк Пантери” ќе продолжат со патувањата и игра на натпревари со клубови од европската сцена.

Следна дестинација на кумановските Пинк Пантер е Москва, Русија, каде кошаркарите ќе бидат во можност да одиграат неколку натпревари со ЦСКA Москва, еден од најдобрите европски клубови.

Loading...