КОШАРКАРСКИ КУП: Куманово вечерва против Гостивар

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва со натпреварот против КК Гостивар го стартуваат кошаркарскиот Куп на Македонија.

Мечот започнува во 20:30 часот во Спротската сала „Јасмин“ во Кавадарци.

Доколку вечерва со старо-ноот засилување Бранислав Ѓекиќ, избраниците на Александар Петровиќ успеат да ги надиграат гостиварци, утревечер ги очекува полуфиналниот натпревар најверојатно против Работнички кој се очекува вечерва да го совлада составот на Карпош Соколи.

Купот ќе трае до недела, кога е закажано и финалето.

Минатата година Купот го освои екипата на Карпош Соколи, а годинава како фаворит се јавува Работнички, кој воедно е и најтрофејниот клуб од куп натпреварите.

Leave a Reply