Кошаркарките на Куманово го совладаа лидерот на табелата

Сподели со своите пријатели

Кошаркарките на Куманово вчера извојуваа голема и значајна победа откако на домашен терен го совладаа составот на Шкупи со резултат 63:57.

Loading...

По израмнети први десет миути на паркетот, Шкупи прикажа подобра игра во втората четвртина и на полувреме замина со 28:34.

Кумановки се разбудија во второто полувреме. Со три погодоци беа подобри во третата четвртина за да веќе во последните десет минути покажат целосна доминација на теренот и освојат 21 поен наспроти 12 на гостинскиот состав.

Тоа беше доволно ЖКК Куманово да се реваншира за поразот кој го претрпе од Шкупи во првиот дел од сезоната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец измамен за 800 евра, му дале лажен дијамант

Со 19 поени најефикасна во ростерот на Куманово беше Алексовска, девет имаше Костадинова, а поен помалку впиша и Цветковска.

Инаку Шкупи беше лидер во табелата до оваа победа на кумановки. Сега првата позиција ја зазеде Патриот, а тие се на втората позиција.

Кумановки се седми со три победи од почетокот на сезоната.

Никола Ивановски

Loading...