Кошаркарите на Куманово утре против Гостивар, ракометарите против Металург

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово по својата прва реализирана победа сезонава над Ангели, утре за противник го има секогаш „жилавиот“ Гостивар.

Loading...

Мечот утре кумановци го играат на гостински терен со почеток во 18:00 часот, а во рамките на второто коло од домашниот шампионат.

 

 

На домашен терен свој настап имаат ракометарите. Тие ќе го пречекаат составот на Металург РА во рамките на 4. коло од Првата машка ракометна лига, откако досега одиграа два нерешени натпревари и забележаа еден пораз.

Мечот ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 16 часот.

Никола Ивановски

Loading...