Кошаркарите на Куманово први што во Израел ќе играат пред публика

Сподели со своите пријатели

Освен што ќе бидат прв балкански тим кој по една година ќе заигра во Израел, КК Куманово ќе биде и првиот тим кој по една година ќе игра пред публика против Хапоел Халон.

Loading...

Ова за Израелците е историски момент, но не и за кумановци кои освен со силниот тим на домаќинот, ќе треба да се справат и со нивната поддршка од трибините.

 

Тото Арена

 

Инаку, владата во Израел одлучи да дозволи 300 навивачи да го следат натпреварот во „Тото арената“ што ќе се одигра на 23 февруари.

Ова е прв пат по една година на некој спортски настан во Израел да присуствува публика, а одлуката следува откако земјата стана број еден според број на вакцинирани и ревакцинирани жители во светот.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *