Коронавирусот убил меѓу 80.000 и 180.000 здравствени работници

Сподели со своите пријатели

Ковид 19 сериозно го погоди медицинскиот персонал и можеби убил меѓу 80.000 и 180.000 медицински лица, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Loading...

Здравствените работници мора да имаат приоритет за вакцините, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус и ја критикуваше неправдата во дистрибуцијата на вакцините, пренесе Би-Би-Си.

Смртните случаи се случиле помеѓу јануари 2020 година и мај оваа година. Се проценува дека во светот има околу 135 милиони здравствени работници.

„Податоците од 119 земји покажуваат дека во просек двајца од пет здравствени работници ширум светот се целосно вакцинирани“, рече Тедрос.

„Но, се разбира, тој просек крие огромни разлики меѓу регионот и економските групи“, посочи тој.

Помалку од еден од 10 здравствени работници се целосно вакцинирани во Африка, рече Тедрос, додавајќи дека во споредба со тоа, осум од 10 здравствени работници се целосно вакцинирани во земјите со високи приходи.

Во исто време, помалку од пет проценти од населението во Африка е вакцинирано, во споредба со 40 проценти на повеќето други континенти.