КОВИД-19

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КУМАНОВО

 

Loading...

 

Согласно препораките на Владата и информацијата од МВР сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и др.) да го најават своето излегување на телефонскиот број 192.

Апел до граѓаните при појава на било какви  симптоми, кои можат да укажат на инфекција со корона вирус, веднаш да го исконтактираат својот матичен лекар и доколку бидат упатат до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар.

Во продолжение сите важни информации за граѓаните:

Контакт телефони: 

За помош на социјално загрозени семејства: 075 323 569

Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061

Асистенција на болни и изнемоштени граѓани: 075 207 126 и 077 71 94 94

Loading...

Подрачна единица на МЗШВ: Насер Даути, контакт: 070/403-849 или [email protected]


05.05.2020

Се укинува посебната рестрикција за возрасните и малолетниците

Сите граѓани од денеска имаат дозволено движење од 5 до 19 часот, вклучително и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години кои досега, покрај забраната од 19 до 5 часот, имаа ограничувања и во одделени периоди од денот.

Препораки и упатства за државните функционери кои ќе патуваат надвор од земјата

Препораки и упатства за излез и влез на  државната граница на Република Северна Македонија за избрани носители на јавни функции вработени во Влада на Република Северна Македонија и министерства .

ПОСТАПКИ ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА ПАТУВАЊЕ

Лицата избрани носители на јавни функции, вработени во Владата на Република Северна Македонија и министерствата, државјани на Република Северна Македонија при излегување од државата поради итни неодложни државни интереси (работни обврски од државен интерес) задолжително потпишуваат изјава при излез од државата за доследно придржување кон пропишаните основни превентивни мерки за:

– Носење на заштитна маска со избегнување на допирање на лицето (очи, нос, уста) со рацете;

– Често миење на раце или дезинфекција на раце за време на престојот надвор од државата;

– Одржување на физичко дистанцирање од 1,5 – 2,0 m и намалување на физички контакти (се забранува поздравување со раце).

Loading...

– Се препорачува да не се користи јавен превоз и такси во местото на боравок.

ПОСТАПКИ ПО ВРАЌАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕ

Лицата при враќање во земјата спроведуваат одредени превентивни мерки во период од 14 дена од денот на влегувањето во државата за кој период се препорачува:

– Не е потребно спроведување на тестирање за КОВИД-19;

– Носење заштитна маска во затворен простор, а доколку се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице маска не е задолжителна со внимателно избегнување на допирање на лицето со рацете ;

– Да се ограничат на минимум личните и професионални контакти со други лица од нивната околина и надвор од неа;

– При евентуален контакт со други лица задолжително е носење на заштитна маска

– Должни да се придржуваат кон упатствата за намалување на ризикот од пренесување на инфекцијата;

Loading...

– Често миење на рацете или нивна дезинфекција

– Избегнување физички контакт и одржување на дистанца од најмалку 1,5 – 2,0 m при контакт лице-в-лице.

Препорака:

Мерење на телесна температурата наутро, и доколку е поголема од 37,2 ° C или ако лицето има симптоми (треска, отежнато дишење, сува надразнителна кашлица) го контактира телефонски својот матичен лекар или ја известува  регионалната епидемиолошка служба (на постоечките телефони за контакт на ИЈЗ и ЦЈЗ) кои ќе одлучат за понатамошниот третман. Доколку состојбата бара итна хоспитализација  се повикува итна медицинска помош или со сопствено возило во придружба на еден член на семејството ја посетува најблиската КОВИД болница, со претходна најава по телефон.


14.05.2020

Линијата за прва психолошка поддршка

Црвен крст на Република С. Македонија – општинска организација Куманово од 11.05.2020 повторно ја става на располагање телефонската линија за прва психолошка поддршка за сите граѓани од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираат од ООЦКК.

На телефонскиот број 076/787-412 секој работен ден од 10 до 14 часот, лицата кои ќе се обратат ќе можат да добијат психо-социјална поддршка за полесно справување со стресот предизвикан од актуелната состојба со епидемијата со КОВИД-19.

Loading...

13.05.2020

Протоколи за олеснување на дел од рестриктивните мерки

 

ПРОТОКОЛ ЗА ТРЕНИНГ НА СПОРТИСТИ ВО ПОЕДИНЕЧНИ СПОРТОВИ

Организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20м2 по спортист со организација на тренингот за најмногу 5 лица вклучително и еден тренер со минимален број на технички лица (најмногу две лица)

Во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови

Да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите

Loading...

Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери

Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува

Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник

Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните

Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание

Loading...

Тренингот да се обавува на отворен простор

По завршување на тренингот опремата за тренинг и реквизити се дезинфицираат со средство кое е 70% на база на алкохол

Тренинзите во контактните спортови се препорачува секогаш да се одвиваат по принцип „ист спортист со ист тренер“

Секој спортист мора да има сопствено со име обележано шише со напитоци

По завршување на тренингот спортистите и тренерот заминуваат дома поединечно без туширање и без влегување во соблекувалните почитувајќи ги мерките за физичко растојание, еден по еден.

ПРОТОКОЛ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА УПЛАТНО-ИСПЛАТНИ МЕСТА НА ПРИРЕДУВАЧИТЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА

Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени на уплатно – исплатните места.

Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните играчи во просторијата.

Влез со маски за сите играчи

На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња

На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата

Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата

Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување на пијалоци

Задолжително редовно вршење на дезинфекција на маси и столици и остаток од инвентар со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот

На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини

Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

ПРОТОКОЛ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ СОСТАНОЦИ, ОБУКИ, КУРСЕВИ И СЕМИНАРИ

Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа;

Пред почеток на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат;

Се ограничува бројот на учесници согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5 – 2 мм, но не повеќе од 30 лица;

Организаторите, предавачите и учесниците задолжително да носат заштитни маски;

Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете;

Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол);

Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите;

За време на паузите се забранува групирање на присутните;

По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини.

Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.

ПРОТОКОЛ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СЕДНИЦИ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ И КОНФЕРЕНЦИИ

Loading...

Ограничен број на учесници до максимум 30 лица согласно просторот со цел да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2м

Учесниците задолжително да носат заштитни маски

Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете

Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол)

Просторијата почесто да се проветрува, пожелно за време на часовите и задолжително во текот на паузите

За време на паузите да се забрани групирање на присутните

По завршување на настанoт просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини

Loading...

Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.

ПРОТОКОЛ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА МОЛОВИ

Ограничено/скратено работното време (10:00-18:00) /затворени во недела

Регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице, така што да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, така што ќе се дозволи по едно лице на 5m2.

Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот

Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените

Задолжително носење на заштитни маски на купувачите

Loading...

Одржување на физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5m – 2m

Поставени на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки

Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8m² – 10m² продажен простор, по еден купувач

Задолжително одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата да го организира редот и бројот на купувачи

Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацете

Во продавниците за облека забрането пробување на облека – да се даде можност за пробување дома со можност за замена на купената облека

Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу касите во редот.

Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2m меѓу купувачите

Loading...

Засилени санитарно-хигиенски мерки, односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

ПРОТОКОЛ ЗА  РАБОТА НА ШКОЛИТЕ ЗА ОБУКА НА ВОЗАЧИ

Задолжително користење на заштитна маска од страна на кандидатот и инструкторот при обука на терен со возило

После секоја обука на поединечен кандидат, задолжителна е дезинфекција на внатрешноста на возилото

Организирање на теоретска настава во училница со почитување на мерките за физичко растојание помеѓу клупите од 1.5м-2.0м и задолжително носење на заштитни маски од слушателите и предавачот

Поставени средства за дезинфекција пред влез во училницата и редовна дезинфекција и одржување на хигиената и проветрување по секое одржано предавање

Три лица е максималниот број лица во возилото при спроведување на полагањата на кандидатот со носење на задолжителна заштитна маска на сите лица во возилото.


09.05.2020

Во сабота и недела забраната за движење ќе почнува во 19:00 часот

Во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05:00 часот до 19:00 часот.

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13:00 до 19:00 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05:00 до 12:00 часот.

Loading...

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од Владата.


28.04.2020

За првомајските празници, во петок, сабота и недела, ограничувањето на движењето почнува во 14:00 часот

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија.


23.04.2020

Стапи во сила Уредбата за задолжително носење лична заштита на јавни места, казни од 30ти април

Денеска во „Службен весник на Република Северна Македонија“ е објавена Уредбата со законска сила за носење лична заштита заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, што ја донесе Владата на својата 45-та седница.
Со оваа уредба со законска сила се уредува носењето лична заштитна опрема на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 и заштита на населението, како и надзорот над спроведувањето на носењето лична заштитна опрема на лицето, за време на траењето на вонредната состојба.
Уредбата определува дека секое домашно или странско физичко лице на територија на Република Северна Македонија е должно да носи лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).
Под лична заштитна опрема на лицето со уредбата се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).
Согласно уредбата, по исклучок, секое домашно или странско физичко лице на територијата на Република Северна Македонија, може да не ја носи личната заштитна опрема на лицето, ако:
– носи посебна лична заштитна опрема на лицето во рамки на извршувањето на нивните работни задачи,
– престојува во двор на станбена семејна куќа,
– вози велосипед или спортува на отворено како индивидуални спортски активности,
– патува во патничко моторно возило со лица со кои што лицето живее во заедница или домаќинство
– се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице.
Уредбата исто така утврдува дека сите домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштитна опрема на лицето од страна на сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема.
Членовите 4, 5 и 6 од Уредбата ги утврдуваат институциите што ќе вршат надзор и контрола на спроведување на решенијата, како и прекршочните казни за физичките и правните лица кои што нема да се придржуваат до одлуките на Уредбата.
За надлежни за надзор на спроведувањето на одредбите од Уредбата се определуваат Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, секој согласно надлежностите утврдени со Закон.
Во уредбата се утврдува дека во случај на прекршување на одредбите од оваа уредба со законска сила, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до 30 април 2020, надлежните органи ќе изрекуваат исклучиво опомени.
После 30 април, Уредбата утврдува дека глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од оваа уредба со законска сила.
Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско правно лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила, која определува дека сите домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштитна опрема за сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема.
На секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите од оваа уредба со законска сила, ќе му биде изречена глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност.

22.04.2020

Од 22 април (среда), се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјата на општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама и сл.) надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или сл, соопштија од Владата.

Властите препорачуваат граѓаните да го редуцираат излегувањето од своите домови, и тоа само од најнеопходни причини, заради одење на работа, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките.


18.04.2020

Посебни мерки за Куманово, Тетово и Прилеп

Почнувајќи од 22 април 2020 година (среда), се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјата на општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама и сл.), надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или сл.

За повеќе детали кликнете ТУКА.


17.04.2020

Денеска започнува долгиот полициски час

Најдолгиот полициски час од почетокот на појавата на коронавирусот во земјава започнува денеска во 16:00 часот и ќе трае до вторник наутро во 05:00 часот.

Loading...

Владата ја донесе оваа мерка со цел да го ограничи движењето на населението за време на христијанскиот празник Велигден, а на тој начин да се намали ширењето на коронавирусот.


16.04.2020

Се затвораат викенд населбите, парковите, шумите…

Со одлуката на Владата од денеска во 16:00 часот до вторник во 05:00 часот се забранува движење и групирање на населението.

За таа цел од 16 часот се затвораат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во нацоналните паркови и шуми, како и викенд населбите за време на периодот на забрана и посебен режим на движење за претстојниот празник.

Сите локации ќе ги контролира Министерството за внатрешни работи.


13.04.2020

Забрана за движење за Велигден

Владата на Република Северна Македонија на 40-та седница го разгледа и усвои предлогот за продолжување на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, односно забраната за движење ќе започне од 17 април 2020 година (петок) од 16:00 часот и ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот.

Согласно оваа забрана и посебен режим на движење, Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.

Дополнително, со одлука на Владата е усвоен предлогот на Главниот координативен кризен штаб од состанокот што се одржа денеска, од четврток 16 април во 16:00 часот, до 05:00 часот во вторник 21 април  да се забрани движење и групирање, односно да се затворат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите за време на периодот на забраната и посебен режим на движење за претстојниот празник, а Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите на овие места.

За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други граѓани има целосна забрана.

За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други лица има целосна забрана.


11.04.2020

Известување за дежурни маркети, кои работат за време на полицискиот час во Куманово

Врз основа на Барање на Општински штаб за заштита и спасување и препораките на Влада на Република Северна Македонија, Ве известуваме дека за време на полицискиот час во Куманово (10.04.-17.04.2020 година), за дежурни маркети за набавка и достава на потребните намирници се пријавија:

Loading...

-Ацидо Ком маркети 078311077 и 078352669

-Ќошар ДООЕЛ Куманово 078258607 и 078258708

-Елида 031419521

– Јахи Маркет ДООЕЛ с.Черкези 070467311

-ДТГМУ Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје 071340742, 071340963, 070358500, 072256100, 071285386, 070299507

-Маркет Макси Дом, улица ,,Бошко Буха” 2А, телефони: 031 412758 и 072 272337

-Хотел Хармонија, ул.Долно Којнаре бр.193 телефони: 031416 383 и 077 987-798

-Маркет КОМПЛЕКС АЛДИ ЕДЕН с.Черкези, телефон 076 617 261

–Кумановска Скара за мерак, ул. Иво Лола Рибар ( Нагорички сокак наспроти Сетек) , 075 232 100 и 031 411 150

-Никосан-Трејд ДООЕЛ Куманово, с.Биљановце 071 367 284

Loading...

-Доминос ДООЕЛ Куманово  075 366 103.

Подетални информации околу набавка и достава ќе Ви дадат самите фирми.


Известување за правила за движење за сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС)

Согласно актите на Владата на Република Северна Македонија и насоките од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски да ги известат Општинскиот кризен штаб во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење не-евидентираните земјоделците треба да ја најават во Кризниот штаб, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН ЗА НАЈАВА:  075 273 192

Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица  ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР).

На овој начин на не-евидентираните земјоделците ќе им се овозможи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

Кога се носат одлуки за рестрикција на движење се издвојуваат две групи според возраста за кои посебно се носат ограничувања, а тоа се над 67 години и под 18 год. Кога МЗШВ собира податоци и преку МИОА издава дозволи повторно овие две групи се исклучени од давање на дозволи.

Акти на Владата на Република Северна Македонија

  1. Општинските штабови за заштита и спасување во однос на барањата за добивање дозвола за движење од град до поле на земјоделците и надвор од атарот на селата, само за време на викендите, да подготват точно утврден список на лица – земјоделци со број и податоци за истите и да го достават до надлежното ОВР – СВР, со цел овозможување непречено движење на овие лица за работа во поле.
  2. Економските оператори кои се определени од страна на општинските штабови за заштита и спасување , за достава на најнеопходни намирници до граѓаните во одредено подрачје на истите на територија на градот Скопје им е дозволено излегување од границите на општината и подрачјето на кое имаат дозвола за работа.
  3. Општинските кризни штабови за заштита и спасување не смеат да издаваат дозволи за движење на лица за време на забрана и посебниот режим на движење на територија на Република Северна Македонија, односно барањата само да ги проследуваат до надлежните државни институции (Министерство за внатрешни работи и Министерство за информатичко општество).

10.04.2020

Соопштение од Општа болница Куманово

Почитувани,

Поради вондредната состојба со Covid 19,и појава на позитивни тестови за истиот кај неколку вработени од Гинеколошко акушерски оддел,а со цел најпрофесионален однос кон потенцијалните пациентки, Ве известуваме дека Гинеколошко акушерски оддел од 10.04.2020 петок ќе биде под посебен режим на работа.

Сите пациентки, чија што здравствена состојба дозволува понатамошен третман на УГАК Скопје или Специјална Болница ” Мајка Тереза” Чаир,истите со претходна најава од свој матичен гинеколог ќе бидат упатени во една од овие институции.

Сите итни и неодложни живото загрозувачки случаи од гинеколошко акушерска природа ќе бидат најпрофесионално третирани на Гинеколошко акушерско оделение.

За секоја понатамошна промена во режимот на работата на Гинеколошко акушерски оддел ќе бидете навремено известени.


За време на ограничувањето на движење не се санкционираат лицата што пријавуваат кривично дело, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

– Министерството за внатрешни работи во врска со барањата што во јавноста беа изнесени од невладини организации, ја известува јавноста
дека граѓаните кои сакаат да пријавата кривично дело тоа треба да го сторат на бесплатниот телефонски број 192 или во најблиската полициска станица и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица. Истото важи и за граѓаните на кои поради извршено насилство или друго кривилно дело им е потребна помош во здравствена установа, значи за тоа не е потребна посебна дозвола, појаснуваат од МВР.

Институциите функционираат без исклучоци за заштита на граѓаните и по сите пријави за семејно насилство се постапува координирано со тимовите на центрите за социјална работа.


08.04.2020

Од денеска стартуваат дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните согласно Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија, што ја донесе Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб.

Согласно оваа одлука, од денеска стапува на сила забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник на целата територија на државата.

Дополнително, за лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што дозволено е родител да биде во поголема група со своите деца до 14 години.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Владата го задолжи Министерството за здравство веднаш да подготви план за работа и организација на сите јавни и приватни здравствени установи, како и аптеките во општините на територијата на Република Северна Македонија.

Согласно оваа одлука, Владата ги задолжи Општинските кризни штабови да определат економски оператор/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на територијата на Република Северна Македонија, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа за време, во деновите сабота и недела.

Loading...

За оваа цел, се задолжуваат Општинските кризни штабови, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

Економските оператори што имаат производствени капацитети да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на Република Северна Македонија и непречено да го организираат работниот процес.

Економските оператори што работат во прва смена треба да го организираат работниот процес согласно забраната и посебниот режим на движење, а производствените капацитети кои работат и во втора, трета и четврта смена да го организираат својот начин на работа како и до сега, со издадени дозволи за движење од страна на работодавачот согласно пропишаниот образец.

Производствените погони, фабрики и транспорт ќе продолжат да функционираат и во време на полицискиот час којшто од утре 8 април почнува од 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот следното утро секој работен ден, како и за време на викенд (од петок од 16:00 часот до понеделник до 05:00 часот).

За оваа намена самите работодавачи ќе издаваат посебни дозволи за движење на работниците во време на полициски час исклучиво до и од работното место. Станува збор за истите дозволи коишто се издаваат на образецот усвоен од страна на кризниот штаб, а ги издаваат самите одговорни лица во компанијата.

Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, но и работното место и називот на компанијата во којашто работи лицето. При тоа, се наведува и смената во којашто е ангажиран работникот. Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата при контрола ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена.

Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи, или надлежното ОВР.

Заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на целата економија, а Владата и стопанството имаат иста цел – во овие вонредни услови работењето на компаниите да продолжи, но истовремено да се сочува и јавното здравје.

Затоа апелираме до компаниите коишто работат во смени и за време на полицискиот час да покажат одговорност, да се придржуваат и да ги почитуваат мерките за заштитата на работниците во услови на епидемија од КОВИД-19. Инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките.

Како дополнување на Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, на сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), им се дозволува од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20:00 часот до 20:30 часот, a во деновите сабота и недела, наутро од 08:00 часот до 08:30 часот, попладне од 15:00 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот,  најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.

Loading...

Притоа, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

Согласно дополнителните рестрикции за движење, Владата  ги задолжи сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, на подрачјето на Градот Скопје, за вработените лица кои работат во овие институции и фирми, а живеат надвор од подрачјето на градот Скопје и патуваат секојдневно на работа, работодавачот да ги упати овие лица на задолжителна работа од дома, без физичко присуство на работното место  за време на вонредната состојба, како и да го прилагодат работното време за административните и јавните службеници, односно истите да завршат со своите работни задачи и активности, со цел пред почетокот на забраната за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно пред 16:00 часот да можат да бидат во своите домови.

Како и за сите претходно донесени одлуки, заклучоци, мерки и препораки на Владата, исто и за оваа мерка важат исклучоците за вработените лица во Министерството за внатрешни работи, припадниците на Агенцијата за национална безбедност,  Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, земјоделските лица и фармери кои работат и се движат во атарот на руралните средини и оние кои одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период, млеко производителите, како и другите лица и институции претходно опфатени во исклучоците за овие мерки и забрани.

Целта и на овие мерки како и на сите претходно донесени, е пред сѐ спречување на ширењето на коронавирусот КОВИД-19, заштита на јавното здравје и заштита на здравјето на секој поединец.


Препораки за однесување на вработените во производните капацитети

На фирмите кои вршат дејност производство и имаат производни погони, хали и слично, им се препорачува производниот процес да се организира на следниот начин:

Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени за работниците да бидат на растојание од 1,5 до 2м.

Вработените да не ги менуваат работните места.

Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини.

За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства  на база на алкохол).

Да се забрани групирање за време на пауза во групи поголеми од максимум 5 лица .

Loading...

Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).

Loading...

Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории за што да се води уредна евиденција.

Во случај на позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 на вработено лице  (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и испраќа дома  и се советува ВЕДНАШ да го контактира својот матичен лекар.

Одговорното лице на фирмата го  известува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) им доставува комплетни податоци за позитивниот работник/ци на КОВИД-19 (име и презиме,адреса, тел.број) подготвува список на лица кои  согласно работното место се во близина (до него,  пред и позади ) на работното место на позитивниот работник  кој се предава на епидемиолошката служба од ЦЈЗ.

По направениот епидемиолошки увид од страна на ЦЈЗ и направената проценка на ризик, се дефинира листата на лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ставаат под здравствен надзор за домашна изолација во траење од 14 дена.

По направеното темелно механичко чистење на погоните /просториите  и направената дезинфекција од страна на овластена установа за ДДД, се  продолжува со нормалниот производствен процес.

Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.

Во случај на потреба од административна работа: потпишувањето  на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита мска и ракавици),

Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така  лична заштитна опрема.

Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така да носат лични заштитна опрема.

Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил доколку е возможно или во сала со почитување на одалеченост еден од друг  од 1,5 до 2,0 метри.


Соопштение за земјоделците:

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од денеска (среда 08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:

-Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

-Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата каде што им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на МЗШВ. Сите досега издадени дозволи, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба.

НАПОМЕНА:

  • Строгo се забранува издавање на дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години. Тие треба телефонски да се јават во Подрачната единица на МЗШВ и да пријават еден помлад член со кој се во роднинска врска (син, ќерка, зет, снаа, внук) и на тоа лице ќе му биде издадена дозвола за движење.
  • Право на движење има само еден член на земјоделско стопанство.
  • Барањата за дозвола се доставуваат по телефон или на е-маил до подрачната единица на МЗШВ, од понеделник до четврток, најдоцна до 12 часот. Готовите дозволи се принтаат од страна на вработените во подрачната единица и им се даваат на земјоделците.
  • Издадените дозволи за движење на земјоделците, важат до крајот на вонредната состојба.
  • Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ.
  • Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.

Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесеме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.

Подрачна единица на МЗШВ: Насер Даути, контакт: 070/403-849 или [email protected]


Владата на Република Северна Македонија на предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост.

За овие наши граѓани нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот.

Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.


Препораки за однесување на вработените во производните капацитети кои произведуваат прехранбени производи и кланици

На фирмите кои вршат дејност производство на прехранбени производи, им се препорачува производниот процес да се организира на следниот начин:

Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2м.

Во кланиците поради спецификата на производниот процес растојанието може да биде до 1,5 метар.

Вработените задолжително носат заштитни маски.

Вработените во кланиците маската да ја менуваат на секои два до четири часа или во случај на нејзино оштетување или загадување со крв и друга нечистотија.

Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини.

За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и приборот и опремата за работа).

Да се забрани групирање за време на пауза во групи поголеми од максимум 5 лица .

Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).

Редовно спроведување на ДПП/ДХП базирани на HACCP принципите.

Во случај на позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 на вработено лице (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и испраќа дома и се советува ВЕДНАШ да го контактира својот матичен лекар.

Одговорното лице на фирмата го известува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и им доставува комплетни податоци за позитивниот работник/ци на КОВИД-19 (име и презиме,адреса, тел.број) подготвува список на лица кои согласно работното место се во близина ( до него, пред и позади ) на работното место на позитивниот работник кој се предава на епидемиолошката служба од ЦЈЗ.

По направениот епидемиолошки увид од страна на ЦЈЗ и направената проценка на ризик, се дефинира листата на лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ставаат под здравствен надзор за домашна изолација во траење од 14 дена.

По направеното темелно механичко чистење на погоните /просториите и направената дезинфекција од страна на овластена установа за ДДД, се продолжува со нормалниот производствен процес.

Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.

Во случај на потреба од административна работа: потпишувањето на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици).

Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.

Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така да носат лични заштитна опрема.

Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил доколку е возможно или во сала со почитување на оддалеченост еден од друг од 1,5 до 2,0 метри.


Препораки за превозници при патување во средно и високо ризични земји како и при враќање во Република Северна Македонија

На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на КОВИД – 19, а кои управуваат тешки моторни возила за превоз на прехранбени артикли и друго, за време на нивниот транзит и престој во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:

1 Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет.

  1. Се забранува контакт со други лица.
  2. Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа:

– ракавици за еднократна употреба

– заштитни маски

– нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни очила и каљачи.

  1. Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на КОВИД– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува:

-да спијат во кабините на своите моторни возила.

  1. За време на патувањето:

– После секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е

дезинфекција на рацете

– Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 минути

(особено со лица со симптоми)

– Почесто проветрување на кабината за време на возењето

– При престојот во кабината нема потреба од носење на лична заштитна опрема

– Забрането е примање на слепи патници

– Задолжително обезбедено средства за дезинфекција на раце на база на

алкохол за време на патувањето.

При нивното враќање во Република Северна Македонија

  1. Задолжителна комплетна дезинфекција на превозните средства од страна на овластена служба за ДДД.
  2. При враќање во РСМ доколку пројават симптоматологија се јавуваат на својот матичен лекар.
  3. За возачите по враќање во Северна Македонија важат препораките како за останатите патници кои доаѓаат од овие земји за задолжителна самоизолација во домашни услови или во објект определен од фирмата превозник.
  4. Фирмата превозник е должна да го пријави во ДСЗИ и МВР местото каде ќе се спроведува самоизолацијата.
  5. Доколку фирмата превозник нема определено објект за самоизолација, возачот ќе се смести во еден од објектите определени од државата за карантин, а трошоците се на товар на фирмата превозник.

Се задолжуваат Здруженијата на лиценцирани авто превозници да изготват свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји.

Дозволата за движење на превозникот важи само со издаден патен налог кој е во прилог на дозволата.


07.04.2020

Сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20:00 часот до 20:30 часот, a во деновите сабота и недела, наутро од 8:00 часот до 8:30 часот, попладне од 15:00 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот,  најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.

Притоа, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.


На предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, денеска е донесено дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.

Според ова дополнување се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник на целата територија на државата.

Дополнително, за лицата над 67-годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 часот до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 часот до 15:00 часот.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што дозволено е родител да биде во поголема група со своите деца до 14 години.

Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8-ми април 2020 година во 16:00 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при штoтие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.


06.04.2020

Полицискиот час во Куманово во понеделник (06.04) започнува во 16 часот и ќе трае до 05 часот следното утро.

Се задолжуваат сите државни и органи на локална самоуправа да ги ослободат од работа своите вработени кои по потекло се од Куманово најдоцна до 14:30 часот, со цел истите да пристигнат дома пред почетокот на полицискиот час. За приватните оператори оваа мерка е само препорака.


Од среда од 16 часот на целата територија на Македонија започнува да се применува продолжен полициски час.

За сите граѓани полицискиот час ќе започнува од 16 часот попладне и ќе трае до 5 часот следното утро, додека за викендите се забранува било какво движење, почнувајќи од петок во 16 часот до понеделник до 05 часот.

Лицата до 18 години имаат целосна забрана за движење освен од понеделник до петок во период од 13:00 до 15:00 часот, додека пензионерите, односно лица над 67 години, ќе можат да се движат во работните денови од 10:00 до 12:00 часот.

 


05.04.2020

Од 8 до 15 часот, ќе работат следниве аптеки:

„Еурофарм“ –  Плоштад Нова Југославија бр.2,

„Аптека Куманово 2“ ул. Христијан Тодорвски Карпош бр.45

„Про виталис“  ул.11 Октомври бр.45.

По 15 часот на телефонски повик од дежурен лекар ќе работи аптеката „Мента фарм“, до фризерницата Долче вита, на Трета МУБ.


04.04.2020

Дежурни аптеки до 15 часот:

„Еурофарм“ Плоштад Нова Југославија бр.2,

„Аптека Куманово 2“ ул. Христијан Тодорвски Карпош бр.45

„Про виталис“  ул.11 Октомври бр.45.

По 15 часот на телефонски повик од дежурен лекар ќе работи аптеката аптеката  „Меди фарм“ во Школска амбуланта


Дежурни маркети

Маркети за набавка и достава на потребните намирници на домашна адреса:

-Ацидо Ком маркети 078311077 и 078352669

-Ќошар ДООЕЛ Куманово 078258607 и 078258708

-Елида 031419521

– Јахи Маркет ДООЕЛ с.Черкези 070467311

-ДТГМУ Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје 071340742, 071340963, 070358500, 072256100, 071285386, 070299507
Подетални информации околу набавка и достава ќе Ви дадат самите фирми.

Сите останати фирми, кои се подготвени и имаат желба да се вклучат во оваа акција, Општина Куманово ги повикува да ја контактираат на е-маил адресата [email protected] и телефонскиот број 078/365-061, за да ги искординираат понатамошните активности во врска со оваа акција.


Соопштение: „Тинекс маркети“

Tinex врши нарачка и бесплатна достава на производи во Куманово

Со цел да ги задоволиме основните потреби на граѓаните на Куманово, кои поради новите мерки од Владата имаат дополнително ограничување на движењето за време на викендите, Tinex воведе опција со која ќе може да се прават нарачки од маркетот Tinex Куманово.
Минималниот износ за нарачка е 1000 денари и за истата ќе биде обезбедена БЕСПЛАТНА ДОСТАВА.

Нарачките и доставата ќе може да се направат според следново работно време:

Сабота (04.04): 18:00-22:00 часот
Недела (05.04): 08:00-22:00 часот

Нарачки ќе може да се направат телефонски на следните броеви:

071 340 742

071 340 963

070 358 500

072 256 100

071 285 386

070 299 507

Наплатата на нарачките ќе се врши во кеш при преземање на нарачката,со што ќе биде приложена и фискална сметка за пазарењето.
Испораката на нарачките ќе се врши во поширокото градско подрачје на Куманово. Сите можни злоупотреби при нарачка и плаќање ќе бидат пријавени во полиција.

Почитувани жители на Куманово, останете дома, грижете се за вашето здравје и нарачајте ги потребните производи од Tinex.


Соопштение: Маркет „Ќошар“

Почитувани граѓани, поради вонредната состојба во нашиот град МАРКЕТ ЌОШАР врши БЕСПЛАТНА достава до вашата домашна адреса.

Работно време:

Денеска до 23:00

Недела од 07:00-23:00

Понеделник до петок од 16:00-23:00

Контакт телефон:

078/ 258-709
078/ 285-212
078/ 258-607


Соопштение: Маркет „Ацидо ком“

Почитувани потрошувачи Ве известуваме дека вршиме достава на роба и денеска и утре до 21 часот.
Контакт тел 078 352 669

Соопштение: „Еколенд“

Почитувани Сограѓани,

Поради новонастаната состојба за време на забраната за движење ЕКОЛЕНД ќе врши

БЕСПЛАТНА  ДОСТАВА до вашите домови

Покрај ЦЕЛОСНИОТ АСОРТИМАН во нашите маркети достава ќе вршиме и на СКАРА  ПЕЧЕНА  НА  ЌУМУР

Телефони за нарачка:

076 666 766

078 411 895

Работни денови од 16h до 22h

Сабота и Недела од 7h до 22h