Корона го блокираше светот, освен профитот на најбогатите

Сподели со своите пријатели

Профитот на Амазон се зголеми за 197 проценти во последниот квартал на 2020 година во споредба со истиот период минатата година, како резултат на новата ситуација во која луѓето ширум светот се свртеа кон купување преку интернет поради пандемијата на коронарнвирусот.

Loading...

Амазон исто така објави дека од почетокот на јули до крајот на септември, продажбата им се зголемила за 37% во споредба со истиот период минатата година, на 96,1 милијарди долари.

Амазон пред празниците ќе вработи 100.000 сезонски работници

Овие резултати ги надминаа проценките на аналитичарите на Вол Стрит кои предвидоа голем пораст на приходите на компанијата.

„Несомнено е дека Амазон е најголемиот победник во оваа пандемија“, рече Нил Саундерс, аналитичар во GlobalData Retail.

Продажбата на Амазон забележа раст од 38 проценти и во последниот квартал од оваа година.

Компанијата предвидува дека во последниот квартал од 2020 година ќе оствари продажба помеѓу 112 и 121 милијарда долари, со оперативен приход до 4,5 милијарди долари.

Заедно со Фејсбук, Гугл и Епл, Амазон е под лупа на американските законодавци кои се загрижени дека овие технолошки компании имаат монопол на пазарот.

Loading...

Leave a Reply