САД: Амазон, Епл, Фејсбук и Гугл ја злоупотребуваат монополистичката позиција

Сподели со своите пријатели

Амазон, Епл, Фејсбук и Гугл ја злоупотребуваат својата монополистичката позиција, заклучија членовите на Претставничкиот дом на САД, барајќи преструктуирање на технолошките гиганти.

Loading...

Заклучокот е објавен во извештај на 449 страници, кој е резултат на регулаторната истрага на Судскиот комитет и ги вклучува записниците за бурните сослушувања на извршните директори на четирите најголеми светски технолошки компании.

„The Social Dilemma“: Шокантен филм за социјалните мрежи за кој не престанува да се зборува!

„Едноставно кажано, некогашните озлогласени компании, аутсајдерите млади иновативни компании кои го доведоа во прашање статус квото, прераснаа во монополи што последен пат ги видовме во ерата на нафтените барони и железничките тајкуни“, се вели во извештајот.

„Овие компании обично ги диктираат условите на пазарот и истовремено се натпреваруваат во него – таквата позиција им овозможува да пропишат збир на правила на другите додека играат на свој начин или да создадат свои, речиси приватни квази регулативи, во кои тие си даваат отчет пред себе и никој друг, се додава.

Пратениците тврдат дека доминацијата на четирите компании е уништување на претприемништвото, деградирање на приватноста на интернет и поткопување на новинарството и нагласување на „итната потреба од законодавна акција и реформа“.

Гугл инвестира милијарда долари во зделки со медиумски партнери

Нивните препораки вклучуваат структурно раздвојување на компаниите за да не одат рака под рака едни со други и на тој начин потенцијално да ја задушат конкуренцијата. Тие исто така сугерираат пречки што ќе им го отежнат купувањето почетни компании и зајакнување на федералните регулаторни агенции.

Loading...

Исто така беа побарани темелни измени и дополнувања на законот за конкуренција.

Предлозите беа изнесени од демократите и мора да бидат одобрени од двете страни за да влезат во постапката за усвојување.

Наместо картичка, како средство за плаќање ќе ја користиме дланката

Амазон, Гугл, Фејсбук и Епл се меѓу компаниите со најголема пазарна капитализација во светот.

Вкупно вредат повеќе од 5.000 милијарди долари, потсетува ДПА.

Leave a Reply