Користите гума за џвакање секој ден? Еве што може да се случи ако претерате!

Loading...
Сподели со своите пријатели

Иако ќе ве ослободи од непријатниот здив, треба да водите сметка да не претерувате во џвакањето.

Постојат одредени состојки од храната кои предизвикуваат да се чувствуваме надуени. Млечни производи, пиво… Но, зарем и минијатурните гуми за џвакање може да наштетат?

Што навистина се случува кога ќе голтнете гума за џвакање?

Според едно научно истражување, често користени адитиви кои можат да се најдат во некои видови леб, слатки и гуми за џцакање се поврзани со здравјето на дигестивниот тракт.

Титаниум диоксид – Е171 се користи за да храната изгледа поубаво. Тој ги прави намирниците да делуваат посветло и е составен дел на гумите за џвакање. Научниците откриваат дека може да спречи ефикасна апсорпција на хранливите материи во дигестивниот тракт, што последично, може да ја зголеми инфламацијата односно хроничните воспалителни процеси во организмот.

Како се произведуваат гумите за џвакање? (видео)

Поменатиот адитив, кој се наоѓа во голем број козметички производи – од пасти за заби со средства за сончање се смета за безбеден и се наоѓа на сите листи на дозволени адитиви. Значи, нема да не убие, но сепак предизвикува суптилни нуспојави за кои треба да знаеме.

Џвакањето гума за џвакање по јадење порција грчка салата може да не речи од мирисот на лукот, но ако тоа ни е редовна навика, титаниум диоксидот може да го намали ефектот на здравата исхрана.