Корисниците на Дневниот центар и „Порака наша“ добија пакетчиња од градоначалникот (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски со претставници на локалната самоуправа денеска оствари посета на Дневниот центар за лица со посебни потреби, како и Дневниот центар за лица со пречки во развојот до 18 години „Порака наша“, каде на корисниците на центрите им подари новогодишни пакетчиња.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”276″]

 

Во Дневниот центар за лица со посебни потреби, корисниците во знак на благодарност имаа своја уметничка точка, а потоа следуваше доделувањето на пакетчињата од Дедо Мразот.

Дамјановски истакна дека на овие лица внимание треба да им се посвети во текот на целата година, а воедно најави дека проектот за нивна реинтеграција во општеството ќе продолжи и во 2016 година.

Силно мотивиран од она што го видовме на Денот на лица со пречки во развој во Нардониот театар одлучивме да го продолжиме овој проект, кој беше заеднички проект на општината и УНДП и сега размислуваме 2016 година општината да оддели средства и овие луѓе кои дадоа допринос во реинтеграцијата на овие лица во општеството да ги поддржиме и проектот да продолжи.

 

Корисниците на Дневниот центар работат на нов проект преку кој со волонтерите се запознаваат со процесот на ткаење и успешно ја совладуваат оваа техника преку импровизирани разбои.

 

 

Психологот на Дневниот центар за лица со посебни потреби, Ивица Благојевиќ истакна дека зад нив е една успешна година и за следната најави нови проекти.

Се обидовме да ткаеме, направивме импровизирани мали разбои и ткаевме одредени парчиња. Сега планираме да почнеме со поголеми и да земеме професионални разбои, да ткаеме и да работиме за да овие лице се чувствуваат општествено способни – изјави психологот Благојевиќ.

Loading...

 

Во агендата на градоначалникот беше и посетата на Дневниот центар за лица со попреченост над 18 години „Порака наша“, каде исто така во придружба со Дедо Мраз им подари пакетчиња.

 

[huge_it_gallery id=”277″]

 

Градоначалникот вети и санација на кровната конструкција, бидејќи објектот е во сопственост на Општина Куманово, проект што ќе започне да се реализира веднаш по новогодишните и божиќните празници.

Претседателот на „Порака наша“, Милован Видановиќ се заблагодари на градоначалникот и локалната самоуправа, како и на донаторите со чија помош фунцкионира овој Дневен центар.

 

 

Забележлив беше празничниот и весел дух кај корисниците на двата центри кои се заблагодарија за новогодишните пакетчиња и се фотографираа со Дедо Мразот.