“Коренот на Кале”- нова премиера на албанската драма при Театар Куманово

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Актерскиот ансамбл на албанската драма при Театар Куманово, за утре /11 септември/, со почеток во 20 часот ја најавува новата премиера на претставата “Коренот на Кале”, во режија на Веби Ќерими, работена според текстот на Назми Беќири.

Во драмата настапуваат актерите Зијадин Муртези, Исмаил Касуми, Ќазмедин Нуредини, Мирсад Абази, Сефедин Шабани, Шкељќим Ислами, Илбер Муртези, Мендим Муртези, Шкумбин Зекири, Енвер Халими, Сара Бајрами, Резарт Нуредини и Генциана Рамадани.

Сценографијата е на Арменд Адеми, додека за музичкиот дел ќе се погрижи Орхан Шаќири.

Премиерата на претставата ќе се одржи во НУЦК ” Трајко Прокопиев” со почеток во 20 часот.

 

 

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.