Копенхаген прави пловечка европска Силициумска долина

Сподели со своите пријатели

Бидејќи просторот во Копенхаген е ограничен, данските власти одлучиле да направат девет вештачки острови, на кои се надеваат дека ќе се најде европската Силициумска долина.

Loading...

Новите островски индустриски зони на јужниот брег на Копенхаген би требало да бидат готови до 2040 година, а првите острови ќе се пробијат на површината во 2022 година.

Проектот наречен „Холмен“, подразбира правење девет вештачки острови со цел зголемување на привлачноста на данската престолнина во очите на бизнис светот и би можело да отвори нови 12.000 работни места, рекол министерот за внатрешни работи Симон Емил Амиткбел Бил.

Данската влада смета дека проектот ќе го реши проблемот со недостаток на земјиште во главниот град така што ќе создаде 3,1 милиони квадратни метри нов простор.

Loading...

Се планира тој простор да се користи за стационирање на 380 фирми, како и за 700.000 квадратни метри зелена површина.

Освен тоа, со привлекувањето на нови фирми смета дека ќе се провлечат околу осум милијарди долари економска активност годишно.

На следната страница дојнајте интересни факти за Силициумската долина.

Pages: 1 2

Leave a Reply