Конте: Италија ја ограничува работата на кафулињата и рестораните

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот премиер Џузепе Конте најави дека поради влошената епидемиолошка состојба, работното време во кафулињата и рестораните ќе биде ограничено, додека градоначалниците ќе имаат овластувања да затвораат плоштади и јавни места по 21 часот.

Loading...

Обраќајќи се синоќа на нацијата, тој појасни дека угостителските објекти по 18 часот треба да ја ограничат нивната работа само на услуги на маса и дека нивното работно време ќе биде ограничено на полноќ, локалните фестивали се забранети, а теретаните и јавните базени засега остануваат отворени, иако тој не ја исклучи можноста тие да се затворат за неколку недели.

Конте додаде дека превентивните мерки остануваат во сила – носење маски, одржување дистанца и хигиена на рацете, пренесува Би-Би-Си.

Според него, во училиштата ќе има промени што ќе влијаат на постарите ученици бидејќи се воведува попладневната смена, а се поттикнува и онлајн учењето.

– Ние мора да посветиме внимание каде падна нашиот гард – на роднините и пријателите. Во овие ситуации, потребна е максимална претпазливост, рече Конте, кој носеше маска кога и се обраќаше на нацијата.

Тој исто така рече дека се воведуваат мерки со цел да се избегне карантин, што може да ја загрози економијата на земјата.

Во Италија вчера се потврдени 11.705 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата.

Досега, вкупно 414.000 луѓе се заразени во земјата, додека 36.500 починаа, со што Италија е втора по Велика Британија според смртноста од вирусот.

Loading...

Пандорка Арсовска-Гацова

Leave a Reply