Контактните леќи се префериран начин за корекција на видот од многу луѓе, бидејќи се чувствуваат поудобно и незабележливо. Од практична гледна точка контактните леќи се излез од потребата од носење на очила.
Но, постојат некои ужасни и груби грешки кои носачите на леќи често ги дозволуваат и кои го изложуваат на ризик окуларото здравје. Кои се тие?
Миење на рацете
Знаеме дека треба да ги миеме рацете при секое допирање на очите. За вадење и ставање на леќите важи истото правило. И нема место за изговори дека нема каде да си ги измиете рацете или дека скоро сте ги измиле и сè уште се чисти. Во моментот, во кој ќе излезете од тоалетот, рацете повторно се полнат со бактерии, па не правете компромиси со хигиената.
Не користете повторно ист раствор за леќи
Не претпоставувајте дека еднаш искористениот раствор не е толку валкан и може да се користи повторно! Голема грешка, бидејќи во моментот во кој ќе ги нурнете леќите во растворот, тој станува загаден и затоа е неупотреблив повторно. Ако сакате да ги заштитите очите од инфекции, не штедете на раствор.
Сушете ја кутијата за леќи
Колку повеќе влага има во контејнерот за складирање на контактните леќи, толку повкусна е средината за развој на бактерии. Секогаш уверувајте се дека сте ја избришале добро кутијата пред да ги ставите леќите во неа.
Спиење со леќите
Тоа е најголемата грешка која многу луѓе ја дозволуваат. Некои забораваат други не веруваат дека спиењето со леќи е штетно.
Вистината е дека така можат да произлезат многу сериозни инфекции предизвикани од нечистотии. Не само тоа, туку спиењето со леќи крие ризик од сериозна повреда на окото, особено ако леќите се од цврст материјал. Но, дури и да носите силиконски, спиењето со нив е апсолутно забрането.
Мачкање на очите
Не заборавајте дека бришење на очите додека носите леќи, е забрането. Тоа се однесува и за луѓето кои не носат леќи, бидејќи допирањето на очите со валкани раце може да ги инфицира нежните ткива на окото.
Не влегувајте во воден базен со леќи
Без разлика дали базенот кој го користите е мал или голем, влегувањето со леќи во водата не е препорачливо.
Постои една особено застрашувачки болест – Acanthamoeba keratitis што е релативно ретка, но многу опасна и може да предизвика слепило. Најчесто се случува токму за време на носење на леќи, особено во топла вода.
Чистете ги вашите леќи секојдневно
Не правете компромиси со секојдневното чистење на леќите. Ова е многу важно ако сакате да се заштитите од инфекции.