Конкурс за прием на актери во Театар Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот театар распиша конкурс за вработување на четворица актери.

Loading...

Огласот, како што информираање од НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ е објавен пред Нова година, и ќе трае до петок.

Засега има 18 апликанти во и надвор од Куманово, а директорот Сашо Тодоровски ги повика сите кои сакаат да аплицираат.

– Имаме апликации за наше изненадување има преку 18 апликанти од целата држава нависина сме среќни поради тој факт што има толку апликанти, огласот трае до петок, ги повикуваме сите млади, невработени актери кои сакаат да се пријават, нека дојдат и нека се пријават во просториите на НУЦК, изјави Тодоровски.

Одобрувањата, како што појаснува Тодоровски се добиени од Министерството за финансии.

– За нивниот избор ќе имаме аудиција формирана од актери, директори од Скопје тие ќе одлучат ќе имаме внатрешна комисија која ќе ги направи сите тие постапки, појаснува директорот Тодоровски.

Установата поднела барање за вработување на уште четири лица и се надеваат дека во текот на мај и јуни ќе бидат одобрени за да се направи добра екипа во кумановскиот театар која ќе биде конкурентна насекаде.

Театар Куманово функционира со македонска и албанска драма, како посебни целини и има 13 вработени македонски и 11 албански актери.

Loading...

Leave a Reply