Коњ од 50.000 евра украден во Скопје, полицијата го пронајде и врати на сопственикот

Сподели со своите пријатели

Професионално трениран коњ чија вредност се проценува на 50.000 евра, бил украден од оделението за тренирање на полициски животни во Хиподром, јавија дел од медиумите вчеравечер.

Loading...

Првично беше објавено дека коњот е сопственост на Министерството за внатршени работи, но оттаму ја демантираа информацијата.

Коњот бил пронајден од полициски службеници од Гази Баба и бил вратен на сопственикот.

Не е познато кој е сопственикот, а според пишувањата животното било украдено за време на полициски час.

фото: Република

Leave a Reply