Коњ избегал од штала, па завршил на железничка станица: Пристојно си чекал воз (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неверојатна сцена е снимена на железничка станица во Сиднеј. На платформата се појави тркачки коњ додека шокираните патници гледаа да му се тргнат од патот.

Loading...

Надлежните велат дека тој избегал од блиската штала и побарал засолниште од дождот.

На видеото се гледа како животното талка низ станицата, а потоа учтиво го „чека“ возот зад жолтата линија.

Инцидентот е снимен на 5 април, нешто пред полноќ, пренесува The Sydney Morning Herald.

„Одеше покрај перонот и неуспешно се обиде да се качи во возот. На крајот дезориентиран стигнал до паркингот каде го нашол сопственикот“, се пошегувале претставници на локалната железница.

Со ист тон се додава дека надлежните нема да преземаат дополнителни мерки, бидејќи коњот „само се шегувал“.

 

Loading...