Коњ избегал од авион кој летал од САД. Пилотот морал да слета!

Сподели со своите пријатели

Боинг 747 кој летал од Њујорк до Лиеж, Белгија морал да се сврти и да се врати на аеродромот ЏФК на 9 ноември бидејќи коњ избегал во товарниот простор.

Loading...

Надлежните подоцна го евтаназирале животното поради повредите што ги добило додека бегало од заградата.

Исландскиот авион на „Ер Атланта“ се искачил на височина од околу 9.400 метри кога екипажот ја контактирал контролата на летање во Бостон и ја пријавил ситуацијата со коњот, пишува Си-Ен-Ен.

Турбуленциите го вознемириле коњот

Во авионот што се превезувале во Лиеж имало 15 коњи. Недолго по полетувањето имало турбуленции.

Коњот се исплашил и се обидел да ја прескокне предната бариера. Тој се заглавил со предните нозе на едната страна од преградата и со задните на другата страна.

„Коњот скокнал и успеал да помине со две предни нозе преку предната бариера, а потоа се заглавил. Ова е втора ваква ситуација во сите години што се занимавам со оваа работа. А ние превезуваме илјадници коњи годишно. Коњот само се исплашил“, рече Џон Кутичели, менаџер за извоз на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди.

„Повредите беа премногу тешки“

Пилотот побарал авионот да го пречека ветеринар на аеродромот бидејќи коњот ќе треба да се лекува.

„Подготвивме ветеринарна нега, медицинска опрема, појас за коњи, брза помош за коњи, се што беше потребно. Но, кога авионот слета, утврдивме дека повредите се премногу тешки и моравме да го заспиеме коњот“, изјави Кутичели.

Loading...

По овој инцидент, авионот повторно полетал околу три часа подоцна.

Тој слетал во Лиеж на 10 ноември во 6:49 часот по локално време.