Конфликтните сили во Судан договорија заштита на цивилите, но не и траен прекин на огнот

Сподели со своите пријатели

Суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) потпишаа декларација во Џеда со која се обврзаа да ги заштитат цивилите и да го олеснат движењето на хуманитарната помош, но која не вклучува траен прекин на огнот.

Loading...

По еднонеделни разговори во саудискиот град Џеда на Црвеното Море, кои се одржаа под покровителство на Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија, делегациите на армијата и РСФ се согласија да работат на краткорочен прекин на огнот во натамошни разговори, со цел тоа да се постигне во рок од десет дена, пренесува Хина.

Високи функционери на американскиот Стејт департмент објаснија дека потпишаната изјава не подразбира прекин на огнот, туку повеќе има за цел да обезбеди услови за проток на хуманитарна помош и да го врати снабдувањето со вода и електрична енергија.

Се надеваат и на повлекување на воените сили од болниците, како и на тоа дека починатите ќе можат да бидат погребани во достоинствени услови.

„Двете страни се посветени на приоритет на разговорите со цел да се постигне краткорочен прекин на огнот со цел да се олесни испораката на итна хуманитарна помош и обновувањето на основните услуги“, се вели во подоцна објавениот текст на декларацијата.

Официјалните лица, кои говореа под услов да останат анонимни, оценија дека претстои уште долг процес за да се постигне траен прекин на борбените дејствија, имајќи предвид дека завојуваните страни сѐ уште се „прилично оддалечени една од друга“.

Последователни разговори

Но, армијата и РСФ во декларацијата рекоа дека ќе закажат „последни продолжени разговори за да се постигне траен прекин на непријателствата“.

Демократската коалиција Сили за слобода и промени (ФФЦ), чии претставници беа соборени со државен удар во октомври 2021 година, ја поздравија декларацијата како „важен прв чекор кон ставање крај на војната“, повикувајќи ги странските сили да се придржуваат до неа.

Loading...

Американско-саудиската иницијатива е првиот сериозен обид да се стави крај на конфликтот меѓу армијата и паравоените сили, кои делови од суданската престолнина Картум ги претворија во воени зони.

Конфликтот започна на 15 април по пропаѓањето на планот за транзиција кон демократија и цивилно владеење, кој беше поддржан од меѓународната заедница.

Според Светската здравствена организација, повеќе од шест лица загинале, повеќе од 5.000 се ранети, додека Обединетите нации проценуваат дека речиси 150.000 луѓе ја напуштиле земјата, додека речиси 700.000 биле раселени во неа.

Претходните договори за прекин на огнот беа постојано прекршени, оставајќи ги цивилите во „застрашувачки пејзаж“ на хаос и бомбардирање, со прекини на електрична енергија и вода, малку храна и колапс на здравствениот систем, пишува Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.