Концерт на кумановските гимназијалци со врсници од Германија, Хрватска и Турција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Учениците од кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ вчеравечер во Занаетчискиот дом во Куманово одржаа меѓународен концерт насловен како „Глобални звуци“ заедно со свои врсници од Германија, Хрватска и Турција, а во рамки на проект преку програмата „Еразмус плус“ на Европската унија.

Loading...

 

 

Деновите вежбање учениците вчеравечер ги преточија во музички концерт на кој сите поединечно се претставија со својата музика, култура и традиција.

– Тука се веќе од недела и секојдневно имаме различни активности. Ова е музички проект, нашите ученици заеднички ќе свират, пеат и играат на концертот. Истото тоа го прават веќе сите овие денови, првин се подготвуваа во своите земји, а сега и заеднички ќе настапат на овој прекрасен настан, изјави наставничката Јасмина Денковска, координатор на проектот во Македонија.

 

Loading...

 

Проектот, појаснува Денковска, е започнат во 2020 година, но ова е всушност прв пат учениците да се среќаваат на едно место и својата работа да ја претсават во фузија на музика, песни, игри и ора.

 

 

Координаторот на проектот од Германија, Љутви Салман, вели дека проектот е уникатен, затоа што разиличните танци и песни го даваат духот на истиот.

– Проектот е сигурно уникатен, затоа што има различни аспекти во него, од традиционални танци, традиционални народни песни и тоа што го дава духот на овој проект е користењето на сите овие посебности да се направи нешто ново како премин, да се искористи една традиционална песна со компоненти од секоја различна земја, нивни инструменти, за да се создаде нешто ново и да се покаже дека има повеќе заеднички работи од различности, вели Салман.

 

Loading...

 

Вели дека е воодушевен од гостопримливоста на домаќините во Куманово и дека се чувствувале како да биле со пријателите и семејството со кои се познаваат долго време.

 

 

Официјалниот дел од проектот заврши вчеравечер, но учениците од Турција, Хрватска и Германија остануваат и денеска и утре. Претходно ги имаат посетено и Скопје и Охрид, каде ги имаат запознаено македонската култура и традиционални јадења.

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...