Руската воздушна одбрана собори украински авион Микојан МиГ-29 во близина на населбата Јавкино, во областа Миколаев, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков.
„Покрај тоа, 19 украински беспилотни летала беа соборени во близина на населбите Воскресеновка, Глинское, Питомник, Жовтевоје, Рубежноје и Петровка во регионот Харков, населбите Работино и Новоданиловка во регионот Запорожје, населбите Петровскоје, Попаснаја и Креме. Луганската Народна Република, како и во близина на Сњежни, Високо, Јасиновата, Доњецк, Макејевка, Докучајевск и Комсомолски во Доњецката Народна Република“, прецизира тој, пренесе ТАС С.
Конашенков додаде дека четири ракети биле пресретнати во ДНР и во регионот Херсон.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.