Кон Земјата се движи астероид поголем од најголемата зграда во светот

Сподели со своите пријатели

Американската агенција за воздушни истражувања и развој на вселената (НАСА) сподели неверојатна фотографија на џиновскиот астероид што ќе пролета покрај планетата Земја оваа недела, пренесува Mirror.

Loading...

Астероидот, наречен 1998 OR2 (прв пат забележан во 1998 година), се предвидува да има дијаметар помеѓу 1,8 км и 4,1 км.

Се појави снимка од опасен астероид кој минал близу Земјата (ВИДЕО)

Во случај на максимална проценка, тоа значи дека оваа вселенска карпа би можела да биде пет пати поголема од големината на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот!

Астероидот ќе лета покрај Земјата во среда, а во пресрет на неговиот премин, научниците на радарот Аречибо споделија зачудувачка фотографија од вселенската карпа.

Астероидот ќе помине покрај нашата планета во среда навечер, а потоа ќе биде близу 5,5 милиони милји од Земјата. Иако ова може да звучи како многу далеку, НАСА го класифицира како „близок пристап“.

НАСА има таен протокол за удар на астероид во Земјата

 

Loading...

 

За време на доближувањето на 1998 OR2 ќе лета со зачудувачка брзина од 31.000 километри на час, приближно 9,5 пати побрзо од куршумот! Со оглед на тоа колку далеку ќе се најде астероидот тој нема да биде видлив со голо око.

За среќа, шансите за огромен судир на астероидот со Земјата се мали. Сепак, НАСА не ги отпиша шансите за астероидна несреќа во блиска иднина. Како што велат, било што непредвидено може да се случи во секое време.

На Земјата и се закнуваат 950 астероиди

Експертите проценуваат дека влијанието на некој предмет со големина на оној што експлодирал над Чељабинск во Русија (17 метри) во 2013 година се случува еднаш или двапати во еден век.

Претпоставката е дека влијанијата на поголемите предмети ќе бидат уште поретки (во размак од векови до милениуми). Но, непредвидените настани како оној во Русија не можат да бидат исклучени.

Leave a Reply