Кому му требаат милиони долари? Овој тим составува своја сопствено направена вселенска ракета (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во моментов, патот до вселената е скапа работа. Секое лансирање ракета, без разлика дали е човечко или товарно, чини десетици, па дури и стотици милиони долари. Но, што ако секој од нас може да состави своја вселенска ракета?

Loading...

 

Токму тоа се обидува да го направи Данецот Мадс Стенфат. Тој е еден од 50-те волонтери на Копенхагенските суборбитали, група аматери кои сакаат да лансираат човек во орбитата со помош на ракета „направи сам“. Она што им недостига на финансиската страна, се трудат да го надополнат со духовитост, снаодливост и едноставна упорност.

Групата моментално работи на своето прво дело, ракета наречена „Шпица“. Тие се надеваат дека ќе бидат првите кои ќе летаат во вселената со аматерска ракета. Но, тоа нема да се случи толку брзо. Како што самите истакнаа, поради недостиг на средства и пандемија веројатно ќе им требаат уште најмалку 10 години пред да се обидат да ја постигнат целта.

 

 

Loading...

Повеќето дизајни се многу едноставни. Нашата ракета е само цилиндар со шилец на врвот и нешто што излегува на другиот крај. Дизајнирањето, така да се каже, е многу едноставно. Она што е тешко е да го направиш. На пример, имам книга која содржи речиси се што треба да знаеме за правење падобран. Ако го прочитате, ќе научите се што треба да знаете за правење падобран. Но, никој  нема да ви каже како. Нема да ви кажат како да шиете парчиња ткаенина, по кој редослед итн. Тоа е предизвикот со кој ќе се соочите и токму тоа е предизвикот со кој се соочуваме, изјави Стенфат во интервју за Футуризам.

Тој додаде дека и покрај сите предизвици, тие сакаат да бидат четвртата земја (по САД, Русија и Кина) што ќе ја испрати својата ракета во вселената, иако би се согласиле да бидат петти, по Индија.

Се справуваме со тоа затоа што е тешко. Откако ќе започнете, сфаќате дека постигнувањето цел не е најзабавниот дел. Забавата е во постојаните предизвици кои се толку смешно тешки, рече Стенфат.