Комисијата за заразни болести со предлог за намалување на рестриктивните мерки

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки.

Loading...

Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи.

Комисијата до ГККШ ќе ги предложи следните олабавувања:

Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.

Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса,  додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.

Loading...

Полицискиот час останува на сила.

Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени.

Затоа апелирам до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките.

Интегрално соопштение: МЗ


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *