Комисијата за односи помеѓу заедниците од Куманово организираше трибина за создавање интеркултурна општина

Сподели со своите пријатели

Комисијата за односи меѓу заедниците од општина Куманово, денеска  ја организираше првата  трибина со младите како да се создаде интеркултурна средина и како да се промовираат општествените вредности, важни за соживотот, „Надминување на паралелниот мултикултурализам и создавање на интеркултурна општина во насока на промоција на општествените вредности и важности од соживот“.

Loading...

Претседателката на Комисијата, Татјана Крстевска информираше дека годинава, програмата е поразлична во однос на претходните години. Лани, акцент бил ставен на одбележување на празници на етничките заедници од градот, годинава активностите ќе бидат насочени кон градење на соживотот помеѓу младите.

Новина е што во четиринаесетчлената комисијата членуваат и претставници од хрватската заедница.

-Годинава, акцент ќе биде ставен на употреба на јазиците, на културата, именување на улици, едукација на младите за соживотот помеѓу младите, употреба на грб и знаме на општината. Како комисија сме овластени да даваме свои предлози на седници на советот- изјави Крстевска.

Претседателката на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска потсетува дека во советот веќе со години се употребуваат четири јазици на претставници на различни етнички заедници. -Комисиите за односи меѓу заедниците се законска обврска за општини каква што е Куманово, но и доколку и не беше така со задоволство би формирале вакво надворешно тело, бидејќи со години наназад оваа комисија дава значаен придонес во релаксирање на ордедени тензии во некои периоди и во градење на подобри врски и концептот едно општество за сите-вели Мургашнаска.

Визијата на оваа Комисија и на советот,  ќе бидат обидите за градење на реален соживот, интеркултурна општина со заеднички вредности.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, вели дека улогата на комисијата била клучна во изминатите периоди, потсетувајќи на 2015 година кога комисијата одржала бројни средби со граѓани од различни реони во градот, за надминување на проблемите.

-Куманово е Македонија во мало, мултиетничка средина, комисијата функционира со години наназад и целта е да разговара на теми кои ги обединуваат потребите на граѓаните. Има можности да се надополни со претставници од различни етнички заедници кои досега не се застапени-изјави Димитриевски.

Loading...

Комисијата во идниот период ќе одржи серија трибини за подобрување на соживотот помеѓу младите.

МИА

Leave a Reply