Комесар на ОН: Русија ги заплашува граѓаните

Сподели со своите пријатели

Вршителот на должноста комесарка за човекови права на Обединетите нации Нада ал Нашиф денеска изјави дека Русија ги заплашила своите граѓани, противници на војната во Украина.

Loading...

„Заплашувањето, рестриктивните мерки, казните против граѓаните на Руската Федерација кои се противат на војната во Украина, ги поткопуваат основните човекови слободи гарантирани со уставот, вклучително и правото на слободно собирање, изразување мислење и здружување“, рече Ал Нашиф на отворањето на Советот за човекови права на ОН во Женева.

Таа додаде дека Москва го нарушува пристапот до информации со притисок врз новинарите, блокирање на интернет и примена на други видови цензура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.