Во тек асфалтирање на првиот слој во индустриската зона Новини и Речица, расте интересот за инвестирање

Сподели со своите пријатели

Во тек е асфалтирањето на првиот слој на улиците во новата индустриска зона Новини и Речица, информираше градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Според него, паралелно со изградбата на инфраструктурата, расте и интересот на домашни и странски инвеститори за вложувања во оваа индустриска зона.

– Има интерес за инвестиции во индустриската зона Новине и Речица, и таму некаде од втората фаза е завршено над 70 отсто. Сега чекаме исплата од средства од унгарскиот кредит коишто ќе бидат опфатени со ребалансот на државниот буџет, изјави Димитриевски.

 

 

Тој посочи дека во зоната веќе се реализираат и конкретни инвестиции, меѓу кои е и инвестицијата на германскиот трговски синџир Лидл.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ поскапи цени на дел од горивата

– Паралелно имаме неколку инвестиции, меѓу кои инвестицијата на Лидл. Секако, тие нивниот дел од обврските ги завршија, сега се шират во делот на инвестицијата за поставување на локациите за градба на маркетите во Куманово, кумановско и пошироко и, колку што сум информиран, веќе следната година би требало да станат комплетно оперативни“, рече градоначалникот.

 

 

Димитриевски нагласи дека Општина Куманово засега нема да брза со продажбата на преостанатото земјиште во индустриската зона, сè додека не биде целосно завршено нејзиното уредување.

„Што се однесува до интересот на останатите потенцијални инвеститори, ние сѐ уште како општина не брзаме, чекаме да завршиме комплетно со уредувањето. Со тоа сметам дека ќе се покачи вредноста на самото земјиште и општината по продажбата на земјиштето секако ќе прибере поголеми средства“, истакна тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 28-годишен кумановец, ја нападнал мајка си

 

 

Со тековното асфалтирање на улиците се заокружува уште една важна фаза од инфраструктурното уредување на индустриската зона Новини и Речица, која се очекува да стане една од клучните локации за нови инвестиции и отворање работни места во Куманово.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски