Комбајн и жито изгореа во Амбар маало

Сподели со своите пријатели

Припадниците на територијалната противпожарна единица Куманово бележат две интервенции во своето работење за изминатото деноноќие, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Едната од нив е на запалено жито и комбајн во месноста викана Амбар маало во Зебрњак. На интервенцијата излегле тројца пожарникари со едно противпожарно возило во 13:39 часот, а огнот го ставиле под контрола до 15 часот.

Интевенција бележат и во атарот на селото Кучкарево на запалена сува трева, кога во период од 13:20 до 16:20 интевенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Причините за избувнување на пожарите, како и висината на материјалните штети не е позната.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.