Командант Шќипоња пред убиството јавно говорел за лошата состојба во ДУИ (видео)

Сподели со своите пријатели

Џемаил Реџепи алијас Командант Шќипоња, неодамна во изјава дадена за агенцијата ИНА, најавил дека во последно време е вознемирен за ситуцијата во ДУИ, но и за Албанците во Куманово.

Loading...

Слушнав од луѓе кариеристи, луѓе фотелјаши како коментираат дека Шќипоња не е во добри односи со Али Ахмети. Кога е во прашање мојот град, јас секогаш ќе бидам против оние кои не му мислат добро на граѓаните на Куманово.

Јас сум бил главен во многу акции во 2001 заедно со моите соборци. Искрено се надевам и потполно сум сигурен дека патот што го одбравме јас и моите соборци и членови на ДУИ, овојпат ќе донесе победа во Куманово, пишува косовскиот весник Ботасот, пренесувајќи неодамнешни изјави на Шќипоња.

Командант Шќипоња, роден 1970 година, како го нарекуваа неговите соборци од 2001, на македонската јавност е познат од кризата во Липковскиот крај како командант на вод во борбите во село Матејче, но и како човек кој беше вмешан во вооружен напад кај наплатната станица во Романовце во 2003 година, кога во општа бркотница рани Косовец.

Во албанските кругови во Куманово се шпекулира дека Шќипоња веќе година дена се борел за местото претседател на ДУИ во Куманово, но, поради вмешани интереси на други лица, не наишол на поддршка од централата.

Еден од двајцата ранети во вчерашната пресметка пак, Шефки Реџепи, инаку братучед на Џемаил Реџепи, е исто така припадник на поранешна ОНА, и брат на полицискиот припадник од Куманово кај кого по опсадата на караулата Гошинце, полицијата во рација на семејниот дом на 23 април, пронајде експлозивен материјал.

Вчерашниот настан во Куманово се поврзува и со фактот што огранокот на ДУИ во Куманово од своето формирање до денес, бележи низа инциденти и демолирање на партиските простории, па дури и пресметка со поедини претедатели во борбата за превласт во партијата и важи за една од потурбулентните партиски организации на ДУИ.

Вредно да се спомене е и фактот што група незадоволни членови на т.н ОНА од Куманово и Липково на неколкупати се обидуваа да се сретнат со нивниот претседател Али Ахмети, во обид да ги остварат своите права на вработување, изјавувајќи дека оние што најмалку заслужуваат согласно заслугите од 2001, биле првонаградени од ДУИ со високи работни позиции.

Loading...

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.