Командант Малишева – член на кумановската група се обидел да се самоубие

Сподели со своите пријатели

Еден од водачите на кумановската група, Мухамед Красниќи, алијас командант Малишева, се обидел да се самоубие во притвор, јави телевизијата Алсат М, повикувајќи се на неофицијални извори.

Loading...

Според засега непотврдените информации, Красниќи се обидел да се отруе со  пиење солна киселина.

Непотврдениот обид за самоубиство доаѓа во време кога осомничените припадници на „кумановската група“ даваат изјави пред надлежниот Јавен Обвинител.

Според извори блиски до приведените, тие имале чувство на несигурност, а барале и изјавите кои ќе ги дадат пред надлежен јавен обвинител да бидат дадени во камера, односно снимени со видео запис.

Пред само неколку дена нивните адвокати се жалеа дека спротивно на законот за кривична постапка, нивните клиенти не добиле увид во доказите против нив пред да ги дадат изјавите. Од Јавното обвинителство, денеска велат ќе им ги дадат доказите, но откако ќе бидат комплетирани, јавува АЛСАТ – М.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.