Колумбија: Најмалку 18 лица загинаа во лизгање на земјиштето

Сподели со своите пријатели

Најмалку 18 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во свлечиште во Колумбија, соопштија официјални лица.

Loading...

Свлечиштето го отсече прометниот автопат што ги поврзува градовите Кибо и Меделин, во западна Колумбија.

Според Националната канцеларија за управување со катастрофи, најмалку 35 повредени се префрлени во различни болници.

Најавена е и операција за потрага по исчезнатите кои најверојатно се уште се под урнатините.

Засега не е позната причината за одронот.

Министерството за одбрана, сепак, соопшти дека во областа паѓаат обилни дождови, што ги отежнува спасувачките операции.

Претседателот Густаво Петро на IX напиша дека властите ќе ја дадат сета потребна поддршка поради, како што рече, „страшната трагедија“.