Коловозите со остатоци од снег, забрани за камиони на дел од патиштата

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Забрани за тешки товарни возила изутрина од 07:15 часот е воведена на патот Дебар – Струга,  а се уште трааат забраните и на патиштата крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку Стража, Струга – граничен премин Ќафасан, и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково./МИА

Leave a Reply