Колку возила имало Куманово пред 60 години, а колку денес?

Сподели со своите пријатели

Во 1957 година во Кумановската околија имало 179 моторни возила, кон крајот на 1964 година нивниот број изнесувал околу 800.

Loading...

Така пред точно 62 години во Кумановската околија имало 13 мотоцикли, а во 1964 година 213, патничките автомобили во 1957 година изнесувале 54, а во 1964 година 172. Во тој период зголемување имало и на теретните автомобили од 80 на 140.

Но, таа бројка не се однесува само на Куманово туку на целата Кумановска околија (сите општини во Североисточниот регион), додека денеска, шест децении подоцна, бројката на регистрирани возила само во Општина Куманово е над 30.000.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 79 (понеделник, 1. февруари 1965. година)

Leave a Reply