Колку треба да ви трае пасошот пред да патувате во земјите на ЕУ?

Сподели со своите пријатели

Се подготвувате за пат, фрлате поглед на пасошот и гледате дека и натаму важи, но не обрнувате внимание на точниот датум на истекување? Грешка!

Пре да тргнете на летување надвор од земјата проверете задолжително дали пасошот ви важи оноколку колку одредени земји бараат, затоа што во спротивно можат да ве вратат.

За патување во Србија не ви треба пасош, границата можете да ја минете и со лична карта.

Можете да влезете и во земјите од „Шенген“ и Европската унија, но само ако до истекот на пасошот имате минимум три месеци, но не од датумот на тргнување, туку од датумот на планирано враќање во својата земја.

Зошто пасошите постојат само во четири бои?

Loading...

Одредбата дека документот не може да се користи за влез во некоја од овие земји последните 90 години од неговото важење е регулирана со Споразум за безвизен режим.

Овој рок не е одреден случајмо. Граѓаните на Република Македонија во земјите на ЕУ можат да престојуваат максимум три месеци, па тој период е одреден како минимален за да не се случи некому по месец дена да му истече пасошот.

Каква е ситуацијата со земјите надвор од ЕУ?

Три месеци е минималниот рок на важност и за одење во Тунис, додека патната исправа мора да важи најмалку 150 дена, односно шест месеци ако одите во Турција и Египет.

Не заборавајте дека детските пасоши се издаваат на многу краток временски период.

Leave a Reply