Колку „тежат“ кумановските пратеници?

Сподели со своите пријатели

Тројца од петте кумановски пратеници во Собранието ја пријавиле својата имотна состојба во Државната комисија за спречување корупција.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски пријавил недвижен имот поседува стан од 70м2 кој го стекнал во 2015 година, а вреди околу 40.000 евра.

Loading...

 

 

Од движен имот поседува автомобил „Фолксваген Голф 5“ и „Рено Клио“, со вкупна вредност од 260.000 денари или околу 4.300 евра.

Од имотот на своите родители пријавил земјиште во вредност од 300.000 денари, како и куќа вредна 3,5 милиони денари.

Сепак Петрушевски има и два кредити. Едниот од 2,3 милиони денари, а вториот од 360.000 денари.

Пратеникот Иван Стоилковиќ од ДПСМ пријавил дека поседува земјиште од 700м2 во Куманово за кое не навел колку вреди. Пријавил дека поседува и автомобил Ауди, но исто така без наведена вредност.

Од имот на брачен другар Стоилковиќ пријавил два стана, едниот од 102 метри квадратни, а вториот од 97м2, двата во Куманово, за кои исто така нема податок колку чини.

Loading...

Неговата сопруга освен недвижниот имот, поседува и возило марка „Голф“.

На име имот на деца, пратеникот на ДПСМ навел земјиште од 6.000м2 во Старо Нагоричане и моторно возило Туарег. На ниту една од наведените ставки пратеникот не навел колкава е вредноста.

Нешто подолга е листата која до ДКСК ја пријавил доскорешниот министер за образование и наука, а сега пратеник од ДУИ, Арбер Адеми.

 

 

Од личен имот навел само банкарски депозит од 31.252 денари, како и средства во готово во износ од 600.000 денари.

На името на својата сопруга Адеми навел благородни метали – златен накит во вредност од 300.000 денари, моторно возило „Фолксфаген голф 5“ вреден 300.000 денари, како и ограничен депозит од илјада евра.

На името на своите родители, Адеми пријавил дека поседуваат куќа со двор од 1.150м2 во Липково вредна 5 милиони денари, како и два стана со помошни простории од по 85 квадрати, од кои едниот вреден 2.17 милиони денари, а вториот 2,5 милиони денари.

Неговите родители возат „Фолксваген Бора“ од 150.000 денари, а имаат и хартии од вредност, односно акции во приватна фирма.

Loading...

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски се уште не ја обновил својата листа во ДКСК. Таму стојат податоците кога станал директор на ЈП „Службен весник“. Тогаш пријавил стан од 112м2 во Куманово вреден 2,5 милиони денари, заеднички имот – благородни метали вредни 180.000 денари, како и банкарски депозити на штедна кништа на своите деца од 20.000 денари.

 

 

Сепак Костовски навел и кредит од два милиони денари и кредитна картичка од 80.000 денари.

Loading...

Елми Азири од Алијансата за Албанците исто така нема поднесено извештај како пратеник, но достапни се неговите податоци од периодот кога започнал да ја извршува функцијата заменик министер во Министерството за труд и социјална политика.

 

 

Тогаш Азири пријавил дека поседува стан од 103 метри квадратни во Куманово вреден 4,9 милиони денари. Возел „Тојота корола“ вредна 400.000 денари, а навел и кредит од 1,2 милиони денари.

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *