Колку тенкови имаат европските земји? Еве каде е Македонија!

Сподели со своите пријатели

Кога се зборува за вооружувањето во Европа, одредени земји се трудат во одредена мера да го намалат истото, додека другите прават зголемување, затоа што би можеле да бидат загрозени.

Мапата која покажува каква е ситуацијата на стариот континент по прашањето на бројот на тенкови кои државите ги поседуваат стана хит на социјалните мрежи.

Русија е далеку најдобро вооружената земја во Европа и тоа со 15.325 тенкови. По тоа прашање ретко која друга земја може да и се доближи.

Loading...

Зад неа следува Турција со 2.537 тенкови, па Грција со 1.345. Франција и Италија имаат по 200, Велика Британија 227, а Германија 250.

Шпанија има 434 тенкови, а верувале или не има и држави кои воопшто немаат тенкови. Она што првлекува големо внимание се сепак земјите на Балканот.

Тука, Македонија располага со 108, Србија доминира со 225 тенкови, Хрватска има 77, додека Словенија 58. За Босна и Херцеговина нема достапни податоци.

Меѓутоа, иако мапата привлекува големо внимание и навистина е интересно да се видат наведените бројки на едно место, сепак оваа мапа треба да ја земете со доза на резерва.