Колку сме близу до крајот од пандемијата?

Сподели со своите пријатели

Во последните две години, повеќето луѓе често се прашуваат: „Дали ќе дојде крајот на пандемијата? или „Кога ќе можам нормално да продолжам со мојот живот?”

Loading...

Можното сценарио, како одговор на овие прашања, е обработено во голема анализа на BBC.

Резултатот е верувањето дека варијантата омикрон може да доведе до крај на пандемијата, барем во Велика Британија.

 

 

Но, што е следно?

Нема да биде доволно да пукнете со прстите за вирусот да исчезне. Наместо тоа, новиот популарен збор на кој ќе треба да се навикнеме е „ендемски“ – што укажува дека ковид е, без сомнение, таму за да остане, пишува Би-Би-Си.

Loading...

Значи, дали не чека нова ера на Ковид 19 и како тоа ќе влијае на нашите животи?

„Речиси сме таму, сега е почеток на крајот, барем во Велика Британија. Мислам дека животот во 2022 година речиси ќе се врати во времето пред пандемијата“, рече професорот Џулијан Хискокс, шеф на Одделот за инфекции и глобално ниво на Универзитетот во Ливерпул.

Она што се менува е нашиот имунитет. Новиот корона вирус првпат се појави пред две години во Вухан, Кина, а ние бевме ранливи.

Тоа беше сосема нов вирус што нашиот имунолошки систем го немаше доживеано претходно и немаше лекови или вакцини да ни помогнат.

Резултатот беше како палење оган во фабрика за огномет. Ковид експлозивно се рашири низ светот, но тој пожар не може да трае вечно со толку висок интензитет.

 

 

Loading...

Имаше два случаи – или ќе престанеме со Ковид, како што беше случајот со еболата во Западна Африка, или ќе излезе тивко и ќе остане со нас на долг рок, или ќе се придружи на рој ендемични болести – како настинки, сипаници, ХИВ и маларија и туберкулоза.

За многу експерти тоа отсекогаш било јасно, бидејќи се работи за вирус кој се шири низ воздухот и го имате уште пред некој да сфати дека е болен.

„Ендемичноста е впишана во овој вирус. Јас сум голем оптимист. Наскоро ќе бидеме во ситуација вирусот да циркулира, ќе се грижиме за луѓето кои се тешко погодени, но за сите други што ќе го добијат вирусот – нема да биде страшно. Просечниот човек ќе биде добро“, вели д-р Елизабет Гропели, виролог на Универзитетот Сент Џорџ во Лондон.

Епидемиолозите, кои го проучуваат ширењето на болеста, сметаат дека болеста е ендемична кога нивото на присуство е предвидливо, за разлика од брановите што ги гледаме за време на пандемија.

Но, професорката Азра Гани, епидемиолог на Империал колеџ во Лондон, исто така верува дека наскоро ќе дојдеме до точка во која повеќе нема да мораме да ги ограничуваме нашите животи:

„Се чини дека помина долго време, но почнавме со вакцинација пред само една година и сме веќе далеку послободни поради тоа“.

Единствената голема пречка што би можела да се случи е нова варијанта која би го надминала омикронот и би предизвикала далеку поголема форма на болеста.

Важно е да се запамети дека ендемично не значи автоматски благ.

Loading...

 

 

„Имаме огромни болести кои се смртоносни и ги сметаме за ендемични“, вели професорот Гани.

На пример, сипаниците се ендемични илјадници години, убивајќи една третина од заразените луѓе. Маларијата е исто така ендемична, предизвикувајќи околу 600.000 смртни случаи годишно.

Но, веќе гледаме индиции дека Ковид 19 станува се помалку смртоносен бидејќи нашите тела се повеќе се запознаваат со борбата против него.

Loading...

„Штом омикрон ќе го заврши својот циклус, имунитетот ќе биде многу висок во Велика Биртанија, барем за некое време“, вели професорката Елеонор Рајли, имунолог на Универзитетот во Единбург.

Високото ниво на зараза имаше цена – само во Велика Британија имаше повеќе од 150 илјади смртни случаи. Но, тој остави наследство на голема заштита во нашиот имунолошки систем.

Тој имунитет ќе ослабне, па затоа треба да очекуваме да заболиме од Ковид во иднина, но сепак треба да ги намали шансите за сериозно заболување.

Професорот Хискокс нагласува дека тоа значи дека повеќето луѓе нема да бидат сериозно погодени:

„Ако се појави нова или стара варијанта, кај повеќето од нас, како и кај секој друг тип на настинка од типот на корона вирус, ќе добиеме мала главоболка и ‘рчење, а ќе биди добро после тоа“.

Loading...

Што значи сето ова за нашите животи?

Ќе има луѓе, главно постари и ранливи, кои ќе умрат како последица на ендемичем ковид. Значи, допрва треба да се донесе одлука како ќе живееме со оваа болест.

„Ако сакате нула смртни случаи од КОВИД, тогаш се соочуваме со цела низа ограничувања и нема крај на играта“, објаснува професорот Хискокс.

„Дури и во сезоната на силен грип, 200 до 300 луѓе умираат во текот на зимата, а сепак никој не носи маска и се дружи“, рече тој, додавајќи дека нема да има повеќе ограничувања за масовни собири и карантини.

Но, Би-Би-Си пишува дека е извесно дека на загрозените наесен ќе им се даваат бустер дози за да се зајакне нивната заштита во текот на зимата.

Loading...

„Мораме да го прифатиме фактот дека сезоната на грип ќе биде и сезона на корона вирусот и тоа ќе биде предизвик за нас“, вели д-р Гропели.

„Веројатното сценарио е дека животот нема да изгледа многу поразлично од есента 2019 година, кога сите дојдоа по вакцина против грип“, додаде таа.

Што ќе се случи со остатокот од светот?

Додека Велика Британија е пред поголемиот дел од светот поради комбинацијата на вакцини и големиот број луѓе кои природно ја заразиле инфекцијата, планетата не е ни блиску до крајот на пандемијата.

Најсиромашните земји сè уште немаат вакцини за најзагрозените. Во меѓувреме, земјите кои се обидоа да го задржат Ковид што подалеку од себе имаат мал имунитет меѓу населението.

Светската здравствена организација јасно стави до знаење дека светот е далеку од опишување на Ковид како ендемска болест.

Loading...

„За планетата сè уште е пандемија и акутна вонредна состојба“, заклучи д-р Гропели.