Во вторник светот ја виде првата фотографија од црна дупка, која ја објави меѓународен тим научници од проектот „Ивент хорајзан телескоп“ (ЕНТ), а за да оваа фотографија биде направена биле потрошени многу часови набљудување и снимање на податоците.
За неколку недели набљудување на супермасата на црната дупка во центарот на галаксијата Месиер 87 (М87), избрана токму поради нејзината големина – проектот ЕНТ во април 2017 година сопрал пет петабајти податоци, а Ден Марон од Универзитетот Аризона вели дека тоа е еквивалентно на 5.000 години „тешки“ мп3 фалјови.
– Или, тоа е како цела селфи колекција составена во текот на животниот век за 40.000 луѓе, истакнал Марон.
ЕНТ телескопите се рашишерни ширум светот, од Антарктик до Аризона и од Мексико до Шпанија. Секоја сигнал кој ќе го примат телскопите мора да се синхорнизира бран по бран, со помош на атомски часовници од суперкомнјутери, за да се усогласат и комбинираат опсервациите кои пристигнале од разни краеви на светот.
Дел од таа работа е завршена во Масачусетс, во Лабораторија за компјутерска наука и вештачка интелигенција на познатиот Институт за технологија, каде научничката Кејти Боуман го предводела тимот кој го направил новиот алгоритам за да ја направи првата фотографија на црна дупка.
Податоците биле преобемни за да се испраќаат преку итернет, па биле сочувани на хард дискови. Боуман, која била на завршна година од струдиите кога започнала да работи на овој проект, покажала што физички значи количината на податоци кои истражувачите ја собрале, покажувајќи колку хард дискови со податоци за црната дупка биле потребни за овој зафат.
Што се однесува до нејзината претходничка, научничката Маргарет Хамилтон, која со својот тим во развила софтверот за „Аполо“ мисијата на Месечината и „Скајлаб“, таа за кодот употребувала 64992 линија за кодирање, што физички било приккажано на слика ставена покрај Боман.
Треба сепак да се нагласи дека во шеесеттите години кодот не е пишуван на компјутерите колку што е ставан на картици. Користени се секако машини за пишување, а колкава е количината на хартијата потребна да се сочува најдобро покажува фотографијата на Хамилтон покрај испечатениот код.