Колку пари троши Украина за еден ден војна?

Сподели со своите пријатели

Министерот за одбрана на Украина во заминување Алексеј Резников изјави дека Украина дневно троши околу 100 милиони долари државни средства за одбрана од руската инвазија.

Loading...

Според него, залихите на волонтерски организации изнесуваат само три проценти од целата опрема што пристигнала на фронтот заклучно со 24 февруари 2022 година.

„Затоа, неправедно е да се тврди дека доброволците прават сè“, рече функционерот на прашањето за наводната мала количина беспилотни летала дадени на војниците од државата, пишува Киев Индипендент.

„Всушност, тоа го прават граѓаните на Украина кои плаќаат даноци во буџетот, а парите од овој буџет одат и за армијата“, додаде Резников.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во нападот на Одеса едно лице загина, осум се повредени

Во интервју за Укринформ, Резников рече дека не може да открие колку договори склучило Министерството за одбрана со украинските производители на дронови, но дека може јавно да се објави дека неодамна биле одобрени за производство 30 нови модели на украински беспилотни летала.

„Нивото на нивното производство ќе зависи од самите производители. Што и да произведат ќе биде наше. Се ќе им купиме со државни средства“, рече министерот во заминување.

Претходно денеска Резников поднесе оставка до украинскиот парламент и претседателот Володимир Зеленски.

Пратеникот Јарослав Железниак рече дека парламентарната комисија за одбрана ја поддржа оставката на Резников.

Loading...

Во неделата Зеленски јавно ја објави својата одлука да го разреши министерот за одбрана и да го замени со 41-годишниот Рустем Умеров, претседател на Фондот за државна сопственост на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: ЕУ треба да ги преиспита санкциите против Русија поради високите цени на енергијата

Разрешувањето на Резников уследи по неколкуте скандали во Министерството за одбрана кои ги објавија украинските медиуми, особено во врска со набавката на опрема и материјали за украинските војници, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.