Колку е паметно да се потпрете на интуицијата?

Сподели со своите пријатели

„Верувајте и на својата интуиција“ совет кој често го слушаме кога треба да донесеме некоја важна одлука, но дали навистина е паметно да се потпрете на својата интуиција, наместо рационално да ги анализирате сите опции?

Loading...

„Зависи“, вели Питер Валшбургер, биопсихолог од Слободниот универзитет во Берлин.

Ако некој има многу искуство на некое поле, често ќе донесе подобра одлука ако тоа го направи брзо, отколку детално да ги проучува сите опции.

На пример, хотелските работници често добро го проценуваат карактерот на луѓето, искусните лекари понекогаш чивствуваат болест од која пати нивниот пациент, а некои истражутели многу лесно може да кажат дали некој сторил нешто лошо.

Тие луѓе често не знаат да објаснат како дошле до точниот заклучок.

– Проблемот е тоа што сите сме опркужени со стереотипи, за кои често и не сме свесни. На пример, доказите укажуваат на тоа дека луето кои се смеат ги сметае за поинтелигентни од оние кои делуваат сериозно, вели Валшбургер.

Ако веруваме на својата интуиција, нема начини да знаеме дали сме во право кога го имаме тоа чувство.

– Интуицијата не ја чини науката сувишна, предупредува експертот.

Loading...

Валшбургер предлага да донесуваме одлуки врз основа на интуицијата само кога имаме многу искуство и знаење на подрачјето во рамките на кое треба да донесеме одлука, кога ситуацијат абара брзо носење одлуки и кога одлуката нема да мораме да ја оправдаме накнадно со аргументите.

Leave a Reply